Соопштенија


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, распиша јавен повик за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, за мерката 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, односно подмерка 121.12 Набавка на комбајни за жито.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заедно со претствници на Светска Банка, денеска беше на увид на локацијата на новата логистичко-дистрибутивната платформаво Скопје, општина Гази Баба.

Оваа логистичко-дистрибутивната платформа е уште една голема и значајна капитална инвестиција која станува реалност, со што се исполни уште едено ветување дадено пред земјоделците и пред граѓаните.


Кандидатите кои доставија барање за полагање испит заради добивање на лиценца за процена на необработен тутун и ги исполнуваат условите согласно Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи се известуваат дека треба да извршат уплата на средства на две уплатници и тоа за:


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заедно со државниот советник за рурален развој, Трајан Димовски и раководителот на секторот за рурален развој Гоце Георгиевски, остварија работна средба со деканот на факултетот за Ветеринарна медицина, Тони Довенски.

Министерството заедно со факултетот за Ветеринарна медицина започнуваат со реализација на нов проект за развој на домашното сточарство. Идеја на која се работи од 2017 година, а денес станува реалност.

Преку Програмата за рурален развој, каде што се издвоени 14 милиони денари, ги започнуваме инвестициите, за подобрување на генетскиот потенцијал на млечни крави, преку употреба на сексирано семе и ембрио- трансферот.

Инвестицијата во центар за ембрио трансфер е основен столб за развој на сточарството. Со воспоставувањето на оваа пракса, ќе се зголеми генетскиот потенцијал на кравите, а фармерите ќе имаат сигурност дека стелните јуници ќе бидат оплодени со женски телиња до 95% од случаите.

Како министерство поддршката кон научните институции ја продолжуваме. Со овие средства, кои ги обезбедивме, го спојуваме знаењето со модерната технологија, за брз почеток на градење на домашна високо педигрирана генетика во говедарството.


Владата на Република Северна Македонија на денешната владина седница, како предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, го усвои предлог законот за рибарство и аквакултура.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици