Соопштенија


И денешниот прес на дополнителниот заменик министер Трипуновски е продолжение на серијата празни зборови и лаги кон земјоделците. Од помпезно најавуваните “скандали“ на дополнителниот заменик министер нема ништо.


Малите семејни винарии се наша успешна приказна на која сите треба да бидеме гордиистакна денеска при посетата на малата винарија Брзанов во скопско Трубарево министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Испишувањето на оваа успешна приказна за развојот на малите семејни винарии, започна во 2019 година, создавајќи законска можност за регистрација на физички лица како производители на вино.

„Нашите вредни лозари, кој со години за своја душа си произведуваат убаво домашно вино, на овој начин добија можност, да создадат мала семејна винарија со капацитет до 50.000 литри. Можност да своето вино, произведено од сопствено грозје, да го продаваат слободно и легално од куќен праг. Затоа креиравме посебна, нова, програма за поддршка на малите винарии. Програма со која преку грант поддршка до 10.000 евра ги поддржуваме малите винарии да набават опрема за производство“, истакна министерот Николовски.


Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски,  испрати отворено писмо до г. Љупчо Димовски, претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, Собрание на Република Северна Македонија. 
Во продолжение, следува интегрален текст од писмото:


Во интерес на точно информирање на јавноста Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како неточни и крајно погрешни ги оценува денешните тврдења на дополнителниот заменик министер Трипуновски, дека надвор од закон се исплатени средства за финансиска поддршка на малите производители на храна и пијалоци.

Вистината е дека овие програми се реализираат преку Законот за извршување на буџетот, нешто што и во самата програма јасно е наведено. Вистина е дека малите производители на храна и малите винарии се успешна приказна, по која како држава сме препознатлви во регионот.


Во прилог ја споделуваме реакцијата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопнство, Љупчо Николовски во врска со објавата на социјалните мрежи кај дополнителниот заменик министер Цветан Трипуновски, дека „Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги раскинало договорите за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, наместо да ги продолжи“.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици