Соопштенија


Министерот Николовски оствари средба со Лидија Попандонова, пред нејзиното упатување како претставник на МЗШВ во Постојаната Мисија на Република Северна Македонија при ЕУ во БриселСо своето работно искуство стекнато низ повеќе значајни позиции во рамки на меѓународната соработка, но и како досегашен постојан претставник на нашата држава во Организацијата за храна и земјоделство на ОН и Претседавач со Европската Комисија за земјодеслтво на ФАО Лидија Попандонова успешно ќе го спроведва евроинтергативниот процес во двете важни поглавја во делот на земјоделството Поглавјето 11 Земјоделство и рурален развој и Поглавје 13 Рибарство, кои го опфаќаат најголемиот дел од целосната легислатива на ЕУ насочени кон обезбедување услови за модернизација и зголемување на производството на храна и одржлив развој на руралните средини.


Како предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ги усвои програмата за поддршка на малите производители на храна и програмата за поддршка на малите производители на вино, за 2024 година.

Преку овие програми како министерство обезбедуваме грант поддршка до 10.000 евра за малите производители на храна и малите винарии, поддршка за набавка на опрема за производство.


Како предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја усвои Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година.  

Станува збор за отворена програма преку која може да се креираат мерки за поддршка на секој еден земјоделец, секогаш кога ќе се јави потреба од тоа.


Водиме грижа за секој земјоделец и овозможуваме непречена исплата на субвенциите. Како предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја усвои измената на Уредбата за директни плаќања за 2024 година.

Измената на Уредбата е во насока да озоможи право за субвенции на сите земјоделци на кои во овие месеци за време на изборниот процес, имаат истечени или ќе им истачат договорите за закуп на земјоделско земјиште.


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализира исплатата на директните плаќања од програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2024 година за обележани женски грла говеда, обележани грла овци и обележани грла кози.

Вкупната исплата која е реализирана изнесува 283,4 милиони денари кон вкупно 9.623 сточари.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици