Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува земјоделците, производители на пченица и јачмен дека до 15 декември 2023 година е крајниот рок за поднесување на барањата за финансиска поддршка за складирање на пченица и јачмен од домашно производство од род 2023 година.
Финансиската поддршка можат да ја искористат производителите на пченица и јачмен, кои производството од реколтата 2023 година, го имаат складирано кај регистриран складиштар.
Како прифатливи количини се максимум складирани 5.000 тони по земјоделско стопанство, одделно за пченица и за јачмен, а максимум прифатлива количина 5 тони по хектар пријавена површина со соодветната култура. Висината на поддршката изнесува 100% од трошоците за складирање и чување, со максимум прифатлива цена на услугата од 120 денари по тон за еден месец.