Соопштенија


Токму во Виница имаме повеќе успешни земјоделски приказни. Земјоделци кои успешно ги користат мерките што ги ставаме на располагање за поддршка до секој земјоделец. Мерки за развој на македонското земјоделство.

Тука, во Виница имаме успешни млади земјоделци и жени земјоделки, истакна министерот Николовски на денешната средба со земјоделците во Виница. Сточари кои ја искористиле мерката за набавка на приплоден добиток. Имаме успешни земјоделци што преку програмата за рурален развој го модернизирале своето производство, поставувајќи системи за наводнување, изградиле силоси, или ја искористиле мерката за набавка на трактори, мерките за грант поддршка на малите производители на храна и вино, како и повеќе од 25 успешни ИПАРД приказни. Близу 26 милиони денари вкупна поддршка која земјоделците од Виница ја имаат искористено преку мерките што им се ставаат на располагање.



Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со директорот на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски и државниот советник за рурален развој, Трајан Димковски денеска беа во работна посета на Виница, каде остварија повеќе средби со земјоделците, мали производители на храна и мали винарии.  


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развојја изврши исплатата на мерката за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања за претходните три години.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска го потпиша Решението за формирање на Совет за мониторинг и координација на Советодавниот систем во земјоделството и руралниот развој, кој произлегува од новиот Закон за Советодавен систем во земјоделството и руралниот развој. 


Земјоделците од Лозово се пример како максимално се користи можноста за закуп на земјоделското земјиште, кое го ставаме на располагање до земјоделците. Само во изминативме две години низ целата држава на располагање, до сите земјоделци, сме ставиле 17.956 хектари, државно земјоделско земјиште. Во општина Лозово, од 2018 година, под закуп се дадени 1.346 хектари државно земјоделско земјиште, истакна министерот Николовски на денешната средба со земјоделците од Лозово.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици