По повод одбележувањето на големиот празник Свети Трифун кој се слави како закрилник на земјоделците, градините и лозјата, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска присуствуваше на закројување на лозјето и света литургија, во село Марена, кавадаречко. На настанот присуствуваше и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, како и пратеници од регионот, директори на институции, лозари и многу други гости.