Соопштенија


Како предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја усвои Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година.  

Станува збор за отворена програма преку која може да се креираат мерки за поддршка на секој еден земјоделец, секогаш кога ќе се јави потреба од тоа.


Водиме грижа за секој земјоделец и овозможуваме непречена исплата на субвенциите. Како предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја усвои измената на Уредбата за директни плаќања за 2024 година.

Измената на Уредбата е во насока да озоможи право за субвенции на сите земјоделци на кои во овие месеци за време на изборниот процес, имаат истечени или ќе им истачат договорите за закуп на земјоделско земјиште.


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализира исплатата на директните плаќања од програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2024 година за обележани женски грла говеда, обележани грла овци и обележани грла кози.

Вкупната исплата која е реализирана изнесува 283,4 милиони денари кон вкупно 9.623 сточари.


Во периодот од 5 до 10 февруари, во Панама, се одржа Десеттата конференција на страните потписнички на Рамковната конвенција за контрола на тутун на Светската здравствена организација.

На конференцијата активно учество зема делегатите од Министерство за здравство и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство презентирајќи ги ставовите утврдени во политиките за кои како држава се залагаме, а се утврдени во Законот за заштита од пушењето и Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи.

На конференцијата, со свои делегати, учествуваа 183 земји од целиот свет.


Нашата упорност како министерство и обединетоста на тутунарите даде резултати. 

Сите откупувачи на тутун ја следат новата откупна цена од 365 денари по килограм тутун за прва класа и до тутунарите веќе ги доставија анексите на договорите.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици