„Јас сум повеќе од задоволен кога гледам земјоделци како ми приоѓаат и ми кажуваат дека оваа година е многу подобра од претходните и така да се продолжи. Имаме задоволни лозари, задоволни градинари, задоволни овоштари”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во вчерашното гостување на „Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија.