Соопштенија


Инвестиции и изградба на фарми, објекти за преработка, подигнување на долгогодишни насади, набавка на специјализирани возила и изградба на современа инфраструктура во руралните подрачја се само дел од инвестициите кој како можности ги нуди ИПАРД 3 програмата за развој на македонското земјоделство.

Општините имаат важна улога во реализирањето на ИПАРД програмата. Токму затоа апелирамe на поголема ангажираност и вклученост од страна на општините, преку навремено издавање на градежни дозволи и подготовка на урбанистичките документи кои им се потребни на апликантите за користење на поддршка од ИПАРД програмата.


Денеска во Брисел започна билатералниот скриниг за Поглавје 11, „Земјоделство и рурален развој“, дел од Кластерот 5, „Ресурси, земјоделство и кохезија“. Поглавјето 11 опфаќа поголем број на обврзувачки правила неопходни за функционирање на заедничката земјоделска политика. Пред експертите на Европската Комисија од Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој како и Дирекцијата за добрососедство и проширување, министерот Николовски го презентираше напредокот во преговарачкиот процес, нагласувајќи ја благодарноста до Европската Комисија за зглемената ИПАРД поддршка преку која се помага развојот на македонското зејоделство и руралниот развој.

 


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сточарите дека Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – АФПЗРР го распиша јавниот повик за мерката 121.1 поддршка за набавка на педигриран добиток.

Поддршката од оваа мерка се однесува за набавка на високостелни педигрирани јуници за млеко, месо и комбинирани млеко-месо и месо-млеко, со исклучок на расата Буша, потоа набавка на педигрирани машки и женски приплодни грла овци и набавка на педигрирани машки и женски приплодни грла кози.


Ве информираме дека делегација на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство предводена од министерот Љупчо Николовски, оваа недела во Брисел ќе одржи повеќе билатерални средби помеѓу Европска Комисија и Северна Македонија, за поглавјето 11 – земјоделство и рурален развој.


Успешно заврши последниот јавен повик од ИПАРД 2 програмата за мерка 3 – Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.Вкупно на овој јавен повик се пристигнати 58 барања во вредност од 8,8 милиони евра. Големата заинтересираност уште еднаш ја потврдува оправданоста на министерството и АФПЗРР да го распишат и овој последен јавен повик од ИПАРД 2 програмата, ставајќи ги на располагање за инвестиции и последните слободни средства од ИПАРД 2 програмата.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици