Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски пред лозарите на денешната средба во Кавадарци, ги претстави новите мерки предвидени за поддршка на секој еден земјоделец за оваа 2024 година.
„Како што ветивме пред земјоделците, од оваа година поддршката до сите земјоделци за мерката зелена нафта ја зголемуваме на 100%. Мерка воведена за прв пат во 2019 година. Тогаш со поддршка од 30% во трошоците за гориво на земјоделската механизација, за во 2022 година поддршката да ја зголемиме на 50% и денес поддршката за зелена нафта да достигне до 100%, од трошоците за гориво на земјоделската механизација, поддржувајќи годишно 55.000 земјоделци“, истакна министерот Николовски.