Соопштенија


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски,  денеска, заедно со директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски во Демир Капија доделија 16 решенија за ко – финансирање на инвестиции во рибарство и аквакултура со вкупна финансиска поддршка од 33 милиони денари. 

Како корисници на оваа поддршка се јавуваат регистрираните репроцентри за производство на репродуктивен и порибителен материјал, концесионерите на риби за вршење на стопански риболов како и субјекти кои се регистрирани за дејност аквакултура како огледувачи или преработувачи на риба. 

Со овие 16 решенија опфатени се инвестиции кои предвидуваат изградба на мандра, пумпни станици и цревни инсталации, поставување на фотонапонски панели на рибници, набавки на товарни возила за достава на риба, цистерни за транспорт на риба, инкубатори и преработувачка опрема.


Интервентната програма која од минатата година за прв пат беше воведена даде одлични резултати. Нејзината главна цел е обезбедување навремена поддршка за секој еден земјоделец во услови на криза и поддршка на домашното производство.

По предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на последната владина седница усвои нови три мерки од Интервентната програма за 2023 година.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска го посети  Научниот Институт за тутун во Прилеп, којшто е една од најстарите научни институции на Балканот и следната година го слави својот 100-ти роденден. Институтот за тутун е важна научна институција во производството на тутун и сите овие години успешно ја извршува своја научна дејност.


Во рамки на теренските активности при посетатана Прилеп, денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ја посети компанијата БимФуд.

Компанијата БимФуд е уште една успешна ИПАРД приказна и позитивен пример за максимална искористеност на европските средства кој се ставаат на располагање, со дури 3 апликации и овозможени средства за инвестиции за опрема од над 20 милиони денари.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во рамки на денешната посета на Институтот за тутун во Прилеп, изврши увид во набавената опрема преку ИПА фондовите на Европската Унија, за потребите на Ген Банката.

Ген Банката е во состав на Институтот за тутун во која се чува семенски материјал од 56 различни сорти на тутун и место каде се одржуваат сите автохтони сорти на тутун.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици