Секторот за Европска унија ја реализира и координира работата во сите аспекти на процесот на ЕУ интеграција – спроведување, следење и проценка на процесот на ЕУ интеграција, размена и дистрибуција на податоци поврзани со ЕУ база на законски проекти и останати релевантни документи, како и програмирање, реализација, следење и проценка на ИПА помошта.
НПАА - ПРЕГЛЕД НА АКТИВНОСТИ
ЕВРОИНТЕГРАЦИЈА
1. Годишни извештаи на ЕК за напредокот на Република Северна Македонија во процесот на пристапување во ЕУ
- подготовка на преглед на обврски и активности врз основа на одредбите од Годишните извештаи, следење на нивната реализација и неделно ажурирање на активности и во рамките на Прегледот на обврски од евроинтегративниот процес во областа на земјоделството и руралниот развој, како и во Матрица за следење на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА).
- подготовка на Придонес на Република Северна Македонија кон Извештајот на ЕК за напредокот
- учество на секторот во работата на Работниот Комитет за Европска Интеграција и Работниот Поткомитет за Европска Интеграција.
2. Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Европските заедници и нивните земји-членки (ССА)
- подготовка на материјали за состанок на Поткомитетот за земјоделство и рибарство;
- реализација на активности/обврски по реализацијата состанокот на Поткомитетот за земјоделство и рибарство;
- учество во подготовката на работата на состаноците на Комитетот за стабилизација и асоцијација.
3. Националната програма за усвојување на правото на ЕУ - НПАА (Поглавје 11 - Земјоделство и рурален развој и Поглавје 13 - Рибарство)
- ажурирање на НПАА со вметнување на обврските во истата, кои произлегуваат од сите стратешки документи за евроинтегративниот процес во координација и соработка со останатите надлежни сектори во МЗШВ, односно подготовка на: НПАА - Наративен дел; НПАА - Матрица на цели и активности и Прегледи на национални правни акти кои се усогласуваат со ЕУ; НПАА - Преглед на потребното кадровско зајакнување; НПАА - Преглед на потребни буџетски средства и НПАА - Преглед на тековна и планирана странска помош.
- учество во Работни групи од повеќе Поглавја во подготовката на НПАА.
Други активности позврзани со евроинтегративниот процес
Во рамките на своите активности Секторот за ЕУ е задолжен и за следење на трговската политика помеѓу Република Северна Македонија и Европската унија. Покрај ова, секторот за ЕУ работи и на следење на имплементација на Договорот ЦЕФТА 2006, како и на останати прашања во доменот на трговската политика на Република Северна Македонија со земјоделско-прехранбени производи.
ИПА
ПРОГРАМИРАЊЕ НА ИПА – го опфаќа процесот на идентификување на приоритетите за финансирање преку ИПА и пишување предлог проекти за Национална програма на ИПА, веднаш откако НИПАК официјално ќе го започне циклусот на програмирање за референтниот програмски период. Првиот нацрт иницијален програмски документ со кој се идентификуваат потенцијалните приоритетни области кои треба да се поддржат со ИПА средства, се подготвува од страна на НИПАК во координација со МЗШВ и Делегацијата на Европската унија, врз основа на анализа на стратешките документи поврзани со пристапувањето кон ЕУ и сл. Се информираат релевантните сектори во рамки на институцијата и др., корисници, а кои што би можеле да имаат корист од средствата на ИПА на почетокот на новиот циклус, со цел да предложат проектни идеи/акции, согласно приоритетните области идентификувани во првиот нацрт на програмскиот документ, кои на крајот се одобруваат од релевантните надлежни органи.
ТЕХНИЧКА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ИПА – се спроведува тендерска постапка доколку се работи за децентрализирано спроведување на проектите. Набавките се спроведуваат во согласност со ПРАГ, Прирачникот за внатрешни постапки на ЦФЦД и др. Во процесот на изработка на техничката документација, по барање на крајниот корисник, одговорното лице од секторот и одделението за ИПА се должни да обезбедат соодветна техничка поддршка. При изработка на техничка документација, крајниот корисник ги зема предвид сите релевантни коментари и препораки од НИПАК и ДЕУ.Финалните верзии од техничката документација подлежат на одобрување од крајниот корисник.Раководителот врши конечка проверка на квалитетот на техничката документација пред истата да биде доставена до ЦФЦД, а потоа до ДЕУ. Следи фаза на евалуација од Комисија за оценување,а по изборот следи потпишување на договор.Твининг договорите (децентрализирани) се спроведуваат согласноТвининг Прирачник.
Со централизираното управување, управувањето со проектите се спроведува од ДЕУ, додека крајните корисници (МЗШВ) се номинирани во РГ за учество во изработка на проектни задачи. Во овој тип на управување со проектите, ДЕУ заедно со МЗШВ одржува состаноци на месечно ниво, на високо ниво (претставници од ДЕУ и министер), вклучувајќи ги сите проектни координатори од МЗШВ задолжени за следење на проектите, раководител на сектор ЕУ и соодветните вработени лица од секторот.
ПРОЦЕДУРА ЗА МОНИТОРИНГ НА ПРОЕКТИ – децентрализирано, следењето на проектите подразбира низа проектни состаноци (по потпишување на договорот) и тоа: почетен состанок (Kick-off meeting), состаноци за напредок на договорот, состаноци на Управниот одбор, Ad hoc состаноци итн. Други активности во мониторинг на проектите се: одобрување извештаи / аутпути, Верификација на трошоци, месечните извештаи – „прочитано и одобрено“, потоа следат тримесечниот извештај , потврда за преземање, потврда за успешност и на крај завршен извештај. Централизирани – секторот за ЕУ/институцијата корисник е активно вклучена во следењето на активностите на проектот и неговото спроведување. Соработува со ДЕУ/доверени организации во активностите за мониторинг, придонесува за редовна проценка на ризиците, дискутира и спроведува или олеснува спроведување на корективните активности неопходни запостигнување на целни резултати, присуствува на состаноците на проектот итн. Специфичните ангажмани за следење на секоја акција се договорени во консултација помеѓу ДЕУ/доверени организации, крајните корисници, ИПА структурата и канцеларијата на НИПАК.
ПРЕГОВОРИ И РАТИФИКАЦИЈА НА МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ - Согласно Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори, Владата поведува постапка за водење на преговори и за склучување на меѓународни договори по сопствена иницијатива, по писмено барање на претседателот по акт на Собранието на Република Северна Македонија и по предлог на органот на државната управа, во чија надлежност се прашањата кои треба да се уредат. Предлогот на основите за водење на преговорите треба да ги содржи: битните елементи на договорот за кој ќе се водат преговорите и предлог на ставови кои Владата треба да ги земе во врска со тие прашања кои се задолжителни за делегацијата на Република Северна Македонија во преговорите за склучување на меѓународниот договор. Следи постапка на водење на преговорите, постапка за прифаќање и потпишување и на меѓународниот договор, постапка за ратификација на меѓународните договори и извршување на меѓународниот договор.
ПРИЕМ И РАСПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ НА НИВО НА СЕКТОР - архивирање и постапување по предмети, барања, дописи и сл, интерни и надворешни. Најчеста е комуникацијата со делегација на ЕУ и СЕП.
Дополнителни активности на секторот
Секторот за ЕУ е одговорен, свикува и одржува редовни состаноци на Секторската работна група за земјоделство и рурален развој (формирана е РГ со официјално номинирани лица од соодветни институции), на кои најчесто се разгледува и дискутира Акцискиот документ за програмирање, а вклучена е и донаторската заедница, која редовно учествува на пленарните седници.
Програмата за економски реформи 2022–2024 - ја прикажува среднорочната макроекономска и фискална рамка, како и секторските структурни реформи за промовирање на конкурентноста и растот. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во континуитет ги следи утврдените реформи и политики кои во наредниот период треба да се реализираат:
Мерка 19: Модернизација на постбербени технологии и процеси во трговијата со македонските земјоделски производи - Гглавната цел на мерката е зголемување на конкурентноста на земјоделството преку модернизација на постбербените технологии и процеси во трговијата со земјоделските производи и правилна имплементација на земјоделските хигиенски правила и стандарди за квалитет, соодветно управување соотпадот и заштита на животната средина. Модернизацијата ќе опфати изградба и работа на два откупни центри во општина Ресен и Струмица и една платформа за земјоделско-прехранбена трговска размена во Скопје.
Целокупниот процес на подготовка на овој документ е реализиран во целосна соработка, координација и консултации помеѓу релевантните сектори од МЗШВ и секторот за ЕУ кој ја координира нивната работа, заедно со Министерството за финансии како национален координатор.
Секторот се состои од три одделенија и тоа:
- Одделение за преговори и ЕУ интеграција
- Одделение за програмирање, реализација, следење и проценка на ИПА помошта
- Одделение за ЕУ база