Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Трипуновски на четвртиот меѓународен саем „Wine Vision by Open Balkan” во Белград

Министерот Трипуновски на четвртиот меѓународен саем „Wine Vision by Open Balkan” во Белград

Денеска во Белград започна четвртиот меѓународен саем „Wine Vision by Open Balkan”.

Оваа година Македонија е претставена со над 100 изложувачи од кои најголем број се винарии и дестилерии. Македонското вино, жестоките пијалоци и храна се веќе препознатливи на меѓународните пазари, а тоа е резултат на квалитетот на грозјето, модерниот пристап во производството и посветеноста на винариите и дестилериите.

Овој саем е одлична можност за промоција на македонските вина и храна пред меѓународната публика и остварување на средби со регионални и светски увозници и дистрибутери.

Македонија преку учество на ваков вид на саеми се истакнува како винска земја со препознатлив стил и квалитет. Сите посетители ќе имаат можност да ги пробаат квалитетните македонски вина и храна.

На покана на мојот колега, српскиот министер проф. д-р Драган Гламочиќ, присуствував и на отворањето на Food Vision во рамките на меѓународниот саем. На овие настани, средбите со колегите се одлична можност за размена на искуства и јакнење на соработката во областа на земјоделството“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Министерот Трипуновски додаде – „Продолжуваме со поддршка и унапредување на секторот за лозарство, винарство и овоштарство, како клучен сегмент во економијата и извозен потенцијал“.

Мени за пристапност