Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со одгледувачите на овци, на која разговараа за актуелните состојби во секторот.
„Разменивме мислења за предизвиците со кои се соочуваат, но и ги сослушавме нивните барања во делот на креирање на мерките за Програмите за финансиска поддршка во делот на сточарството за 2026 година“, истакна министерот.
Тој истакна – „Остануваме отворени за соработка и во наредниот период ќе оствариме дополнителна средба се со цел заеднички да работиме на создавање услови за развој на овчарството како еден од главните столбови на сточарството“.