Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Започна исплатата по Мерка 112 – Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Започна исплатата по Мерка 112 – Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност.

На сметките на 36 апликанти во наредните денови ќе им бидат префрлени средства кои што се предвидени како аванс за реализација на инвестиција.

Дополнително, 50 млади земјоделци ќе бидат целосно исплатени, бидејќи веќе ја реализирале набавката на потребната опрема, предвидена со мерката 112.

Сите млади земјоделци кои што имаат склучено договор по јавниот оглас 02/2025 и целосно ја реализирале инвестицијата, да поднесат барање за исплата на средствата одобрени со договори.

Обврската на сите апликанти е до 30.11.2025 година, комплетно да ги завршат сите обврски, да ја набават комплетната опрема за која имаат аплицирано и да ги достават документите за исплата. 

Продолжуваме да инвестираме во младите земјоделци, тие се иднината на македонското земјоделство.

Мени за пристапност