Издавање на решение за ставање на вино во промет

Услуга: Издавање на решение за ставање на вино во промет

Законски основ:Согласно член 35 став (1) од Законот за виното („Службен весник на Република Македонија“ бр. 50/10, 53/11, 6/12, 23/13, 106/13, 188/13, 149/15, 39/16, 172/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 235/19)

Услови:

1. Вино произведено во Република Северна Македонија може да стави во промет само производител на вино запишан во регистарот на производители на вино.

Условот е наменет за: правно лице и физичко лице

Докази:

1. Барање-преземи

Тип на доказ: документ кој произлегува од институција

За кого е наменет доказот: правно лице и физичко лице

 

2. Уплатена административна такса од 250,00 денари

Тип на доказ: Образец уплатница ПП50

За кого е наменет доказот: правно и физичко лице

 

3. Резултати од физичко-хемиската анализа за виното

Тип на доказ: документ кој произлегува од институција

За кого е наменет доказот: правно лице и физичко лице

 

4. Органолептичко оценување на виното

Тип на доказ: документ кој произлегува од самиот производител на вино

За кого е наменет доказот: правно лице и физичко лице

 

5. Записник од Државен инспекторат за земјодeлство земање на мостри

Тип на доказ: документ кој произлегува од институција

За кого е наменет доказот: правно лице и физичко лице

 

Рок за издавање на решение за ставање на вино во промет е 10 дена.

 

 



Издавање на Решение за упис во регистар на производители на вино

Услуга: Издавање на Решение за упис во регистар на производители на вино

Законски основ: Согласно член 30 од Законот за виното („Службен весник на Република Македонија“ бр. 50/10, 53/11, 6/12, 23/13, 106/13, 188/13, 149/15, 39/16, 172/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 235/19)

Услови:

1. Располага со соодветни простории и опрема за производство на вино во своја сопственост или користи простории и опрема во сопственост на друго физичко или правно лице кое нема финансиски обврски за купено винско грозје во претходните години.

Условот е наменет за: правно лице и физичко

2. Правното лице да има вработено најмалку едно лице со завршено високо образование од областа на винарството или лозарството односно да има со договор ангажирано лице со завршено високо образование од областа на винарството или лозарството доколку капацитетот за преработка и чување на виното не надминува 100.000 литри годишно.

Условот е наменет за: правно лице

3. Физичкото  лице  да  има  завршено  високо  образование  од  областа  на винарството или лозарството или да има со договор ангажирано лице со завршено високо образование од областа на винарството или лозарството,односно физичкото лице да има завршено средно образование доколку капацитетот за преработка и чување на виното не надминува 50.000 литри годишно

Условот е наменет за: физичко лице

4. Нема доспеани финансиски обврски за откупеното винско грозје

Условот е наменет за: правно и физичко лице

5. Не било избришано од Регистарот на производители на вино во претходната календарска година

Условот е наменет за: правно и физичко лице

Докази:

1. Барање за упис во регистарот на производители на вино-преземи 

Тип на доказ: документ кој произлегува од институција

За кого е наменет доказот: правно лице

2. Извод за тековна состојба на правно лице издадена од централен регистар на РСМ кој не може да биде постар од 30 дена

Тип на доказ: документ кој произлегува од институција

За кого е наменет доказот: правно лице

3. Доказ за сопственост или договор за користење/закуп на објектите и опремата кои се во сопственост на друго физичко или правно лице кое нема финансиски обврски за купено винско грозје во претходни години.

Тип на доказ: документ кој произлегува од институција

За кого е наменет доказот: правно и физичко лице

4. Спецификација за расположлива опрема согласно правилникот за поблиските услови во поглед на просториите и опремата за производство на вино.

Тип на доказ: документ кој произлегува од производителот на вино

За кого е наменет доказот: правно и физичко лице

5. Известување за започнување со вршење на дејност издадено од Министерство за труд и социјална политика - Државен инспекторат за труд

Тип на доказ: документ кој произлегува од институција

За кого е наменет доказот: правно лице

6. Извод од Регистарот на објекти и оператори со храна од неживотиско потекло или Извод од Регистарот на регистрирани оператори со храна и објекти за производство и преработка на мали количества на производиод неживотиско потекло за директно снабдување до крајниот потрошувач

Извод од Евиденција на оператори со храна и објекти за производство и преработка на мали количества на производиод неживотнско потекло за директно снабдување до крајниот потрошувач (физичко лице)

Тип на доказ: документ кој произлегува од институција

За кого е наменет доказот: правно и физико лице

7. Изјава од одговорното во правно лице дека нема финансиските обврски за купено винско грозје во претходните години

Тип на доказ: документ кој произлегува од производителот на вино

За кого е наменет доказот: правно лице и физичко лице

8. Изјава од одговорното лице во правното лице дека во претходната година производителот на вино не бил избришан од Регистарот поради неплаќање на финансиските обврски за купено винско грозје

Тип на доказ: документ кој произлегува од производителот на вино

За кого е наменет доказот: правно лице

9. Да има образец М1 и М2 за стручното лице и доказ за завршено високо образование од областа на лозарството и винарството, односно договор за ангажираното лице со завршено високо образование од областа на лозарството или винарството, доколку капацитетот за преработка и чување на виното не надминува 100.000 литри годишно

Да има завршено високо образование од областа на винарството или лозарството, односно договор за ангажирано стручното лице со завршено високо образование од областа на винарството или лозарството, односно да има завршено средно образование доколку капацитетот за преработка и чување на виното не надминува 50.000 литри годишно. (физичко лице)

Тип на доказ: документ кој произлегува од институција

За кого е наменет доказот: правно лице и физичко лице

10. Да има записник од Државен инспекторат за земјоделство за исполнување на условите согласно Правилникот за поблиските услови во поглед на просториите и опремата за производство на вино

Тип на доказ: документ кој произлегува од институција

За кого е наменет доказот: правно лице и физичко лице

11. Да има доказ за платени административни такси до 1500,00 ден.

Тип на доказ: Образец уплатница ПП50

За кого е наменет доказот: правно и физичко лице



Издавање на Решение за упис во регистар на вина со заштитен географски назив и на корисниците на гео

Услуга: Издавање на Решение за упис во регистар на вина со заштитен географски назив и на корисниците на географскиот назив

Законски основ: Согласно член 42-а од Законот за виното („Службен весник на Република Македонија“ бр. 50/10, 53/11, 6/12, 23/13, 106/13, 188/13, 149/15, 39/16, 172/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 235/19)

Услови:

1. Да има Барање за упис во регистарот на вина со заштитен географски назив и на корисниците на географскиот назив 

Условот е наменет за: правно и физичко лице

2. Да има доказ - Елаборат  за  производство  и  означување  на  винo  со  географски  назив  се изработува во А4 формат на хартија во бела боја во форма на книга.

Условот е наменет за: правно и физичко лице

3. Да има доказ за платени административни такси до 250,00 ден.

Условот е наменет за: правно и физичко лице

Докази:

1. Доказ дека има Барање за упис во регистар на вина со заштитен географски назив и на корисниците на географскиот назив преземи 

Тип на доказ: документ кој произлегува од институција

За кого е наменет доказот: правно и физичко лице

2.Да има доказ - Елаборат  за  производство  и  означување  на  винo  со  географски  назив  се изработува во А4 формат на хартија во бела боја во форма на книга.

Тип на доказ: документ кој произлегува од производителот на вино

За кого е наменет доказот: правно и физичко лице

3. Да има доказ за платени административни такси до 250,00 ден.

Тип на доказ: Уплатница образец ПП50

За кого е наменет доказот: правно и физичко лице



Издавање на Решение за упис во регистар на увозници на вино

Услуга: Издавање на Решение за упис во регистар на увозници на вино 

Законски основ: Согласно член 36 од Законот за виното („Службен весник на Република Македонија“ бр. 50/10, 53/11, 6/12, 23/13, 106/13, 188/13, 149/15, 39/16, 172/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 235/19)

Услови:

1. Правно лице кое е регистрирано за вршење на трговска дејност

Условот е наменет за: правно лице

Докази:

1. Барање за упис во регистар на увозници на вино преземи

Тип на доказ: документ кој произлегува од институција

За кого е наменет доказот: правно лице

2. Извод за тековна состојба на правно лице издадена од централен регистар кој не може да биде постар од 30 дена, со назнака Општа клаузула за бизнис и/или шифра на дејност 46.34- Трговија на големо со пијалоци и /или 47.25  Трговија на мало со пијалоци во специјализирани продавници.

Тип на доказ: документ кој произлегува од институција

За кого е наменет доказот:правно лице

3. Известување за започнување со вршење на дејност издадено од Министерство за труд и социјална политика - Државен инспекторат за труд

Тип на доказ: документ кој произлегува од институција

За кого е наменет доказот: правно лице

4. Пријава за исполнетост на минимално технички услови и други услови пропишани со закон за вршење на трговија на големо и мало заверена од Државен пазарен инспекторат.

Тип на доказ: документ кој произлегува од институција

За кого е наменет доказот:правно лице

5. Платени административни такси до 250,00 ден.

Тип на доказ: Уплатница образец ПП50

За кого е наменет доказот: правно лице

6. Правниот субјект е регистриран за дејност 47.25 - Трговија на мало со пијалоци во специјализирани продавници, важечка лиценца за продажба на алкохолни пијалоци издадена од Министерство за економија.

Тип на доказ: документ кој произлегува од институција

За кого е наменет доказот: правно лице



Издавање на Решение за престанување на важност на решението пред исцрпување на количината

Услуги: Издавање на Решение за престанување на важност на решението пред исцрпување на количината

Законски основ: Согласно член 35 став (4) од Законот за виното („Службен весник на Република Македонија“ бр. 50/10, 53/11, 6/12, 23/13, 106/13, 188/13, 149/15, 39/16, 172/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 235/19)

Услови:

1. Регистриран во регистар на производители на вино

Условот е наменет за: правно и физичко лице

2. Да има добиено решение за ставање на вино во промет

Условот е наменет за: правно и физичко лице

 

Докази:

1. Барање преземи

Тип на доказ: документ кој произлегува од институција

За кого е наменет доказот: правно и физичко лице

2. Платени административни такси до 250,00 ден.

Тип на доказ: Уплатница образец ПП50

За кого е наменет доказот: правно лице



Издавање на Потврда за упис во Национален регистар на лозови насади

Услуги: Издавање на Потврда за упис во Национален регистар на лозови насади 

Законски основ: Согласно член 11 од Законот за виното(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 50/10, 53/11, 6/12, 23/13, 106/13, 188/13, 149/15, 39/16, 172/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 235/19)

Услови:

1. Да поседува површина на кои одгледуваат лозов насад

Условот е наменет за: правно и физичко лице

Докази:

1. Да има Пријава за упис во во Националнит регистар на лозови насади преземи

Тип на доказ: документ кој произлегува од институција

За кого е наменет доказот: правно и физичко лице

2. Да има доказ за платени административни такси до 50,00 ден.

Тип на доказ: Уплатница образец ПП50

За кого е наменет доказот: правно и физичко лице

3. Да има имотен лист и копија од катастарскиот план за секоја парцела, во случај кога производителот е сопственик на парцелата

Тип на доказ: документ кој произлегува од институција

За кого е наменет доказот:правно и физичко лице

4. Да има договор за закуп и имотен лист и копија од катастарскиот план за секоја парцела, во случај кога производителот е корисник на парцелата, односно кога е различен од сопственикот на парцелата

Тип на доказ: документ кој произлегува од институција

За кого е наменет доказот: правно и физичко лице

 



Издавање на Пoтврда и начинот на пријавување на промените во Националниот регистар на лозови насади

Услуга: Издавање на Пoтврда и начинот на пријавување на промените во Националниот регистар на лозови насади

Законски основ: Согласно член 13 од Законот за виното(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 50/10, 53/11, 6/12, 23/13, 106/13, 188/13, 149/15, 39/16, 172/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 235/19)

Услови:

1. Запишан во Националниот регистар на лозови насади.

Условот е наменет  за: правно и физичко лице

 

Докази:

1. Пријава за упис на промените во Националниот регистар на лозови насади преземи

Тип на доказ: документ кој произлегува од институција

За кого е наменет доказот: правно и физичко лице 

2. Да има доказ за платени административни такси до 50,00 ден.

Тип на доказ: Уплатница образец ПП50

За кого е наменет доказот: правно и физичко лице

3. Податоци во врска со промена на сопственост односно правото на користење на парцелата

Тип на доказ: документ кој произлегува од институција

За кого е наменет доказот:правно и физичко лице

 



Издавање на решение за упис во ЕРЗС

Услуга: Издавање на решение  за упис во ЕРЗС

Законски основ: Согласно член 15 став (17)(18) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15,83/15,154/15,11/16,53/16,120/16,163/16,74/17,83/18, и 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 152/19,244/19,275,19, и 110/21)

Докази:

1. Барање

Тип на доказ: документ кој произлегува од институција

За кого е наменет доказот: правно лице и физичко лице

2. Уплатена административна такса од 250,00 денари

Тип на доказ: Образец уплатница ПП50

За кого е наменет доказот: правно и физичко лице

3. Уплатена административна такса од 50,00 денари

Тип на доказ: Образец уплатница ПП50

За кого е наменет доказот: правно и физичко лице

Рок за издавање на решение за упис во ЕРЗС е 15 дена.



Издавање на решение за бришење од ЕРЗС

Услуга: Издавање на решение  за бришење од ЕРЗС

Законски основ: Согласно член 15 став (17)(18) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15,83/15,154/15,11/16,53/16,120/16,163/16,74/17,83/18, и 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 152/19,244/19,275,19, и 110/21)

Докази:

1. Барање

Тип на доказ: документ кој произлегува од институција

За кого е наменет доказот: правно лице и физичко лице

2. Уплатена административна такса од 250,00 денари

Тип на доказ: Образец уплатница ПП50

За кого е наменет доказот: правно и физичко лице

3. Уплатена административна такса од 50,00 денари

Тип на доказ: Образец уплатница ПП50

За кого е наменет доказот: правно и физичко лице

 

Рок за издавање на решение за бришење во ЕРЗС е 15 дена.



Издавање на Решение за упис во регистарот на Индивидуални земјоделци

Услуга: Издавање на Решение за упис во регистарот на Индивидуални земјоделци

Законски основ: Согласно член 20  и член 21  од Законот за вршење на земјоделска дејност(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 11/2002,89/2008,116/2010,53/11,39/16)

Докази:

1. Барање-преземи 

Тип на доказ: документ кој произлегува од институција

За кого е наменет доказот: правно лице и физичко лице

2. Уплатена административна такса од 250,00 денари

Тип на доказ: Образец уплатница ПП50

За кого е наменет доказот: правно и физичко лице

3. Уплатена административна такса од 50,00 денари

Тип на доказ: Образец уплатница ПП50

За кого е наменет доказот: правно и физичко лице

4. Уплатена  такса од 1357,00 денари на сметка на ЦРРСМ

Тип на доказ: Образец уплатница ПП50

За кого е наменет доказот: правно и физичко лице

Рок за издавање на решение за упис во регистарот на Индивидуални земјоделци по Законот за вршење на земјоделска дејност  е 15 дена.



Издавање на Решение за бришење од регистарот на Индивидуални земјоделци

Услуга: Издавање на Решение за бришење од регистарот на Индивидуални земјоделци

Законски основ: Согласно член 31 став (1) и член 32 став (1) од Законот за вршење на земјоделска дејност(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 11/2002,89/2008,116/2010,53/11,39/16)

Докази:

1. Барање-преземи

Тип на доказ: документ кој произлегува од институција

За кого е наменет доказот: правно лице и физичко лице

 

2. Уплатена административна такса од 250,00 денари

Тип на доказ: Образец уплатница ПП50

За кого е наменет доказот: правно и физичко лице

3. Уплатена административна такса од 50,00 денари

Тип на доказ: Образец уплатница ПП50

За кого е наменет доказот: правно и физичко лице

4. Уплатена  такса од 1302,00 денари на сметка на ЦРРСМ

Тип на доказ: Образец уплатница ПП50

За кого е наменет доказот: правно и физичко лице

Рок за издавање на решение за бришење во регистарот на Индивидуални земјоделци по Законот за вршење на земјоделска дејност  е 15 дена.



Издавање на Потврда за платена закупнина

Услуга: Издавање на Потврда за платена закупнина 

Законски основ: Согласно член 56 став 2 од Законот за Општо управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/2015 и 65/2018, а во врска со член 19 од законот за Земјоделското земјиште („Службен весник на Република  Македонија“ бр.135/07,18/11,148/11,95/12,79/13,87/13,106/13,164/13,39/14,130/14,166/14,72/15,98/15,154/15,215/15,7/16,48/16,59/16,и 86/16)

1. Да има доказ за платени административни такси до 50,00 ден.

Тип на доказ: Уплатница образец ПП50

За кого е наменет доказот: правно и физичко лице



Издавање на Потврда за пријавени производни капацитети

Услуга: Издавање на Потврда за пријавени производни капацитети 

Законски основ: Согласно член 56 став 2 од Законот за Општо управна постапка(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/2015 и  65/2018

1. Да има доказ за платени административни такси до 50,00 ден.

Тип на доказ: Уплатница образец ПП50

За кого е наменет доказот: правно и физичко лице



Лабораториски услуги

Државната фитосанитарна лабораторија (ДФЛ) обезбедува  лабораториски услуги за дијагностицирање и детерминирање на штетни организми, биолошки тестирања, испитување на физички и хемиски својства на производите за заштита на растенијата, резидуи од пестициди во растително производство, анализа на активна супстанца, анализа на семенски и саден материјал, земање примероци од семе и параметри за одредување на квалитет на земјоделски производи.

Лабораториските анализи се вршат преку акредитирани методи од страна на Институт за акредитација на Република Северна Македонија. Линк до сите акредитирани методи на ДФЛ: https://iarm.gov.mk/wp-content/uploads/2021/04/KOnecen-OB-05-25-LT-036-izmeni-fevruari-2021-17.02.2021.pdf

Услугите кои ги обезбедува ДФЛ се наплаќаат врз основа на ОДЛУКАТА ЗА ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ И ТЕСТОВИ (Службен весник на Република Северна Македонија бр 198/14, 143/15, 126/16, 34/17, 107/19 и 92/21).

Законски основ за работа на ДФЛ и давање на услуги:

Закон за здравјето на растенијата („Службен весник на РСМ“ бр.29/2005, 81/2008, 20/2009, 57/2010, 17/2011, 148/2011, 69/13, 43/14, 158/14, 149/15,  39/16 и  83/18)  и

Законот за семе и саден материјал за земјоделски растенија („Службен весник на РСМ“ број 39/06, 89/08, 171/10, 53/11, 69/13, 187/13, 43/14, 129/15, 39/16, 71/16 и 83/18)

 

 



Регистарирање на снабдувачи на семенски и саден материјал

Услуга: Регистарирање  на снабдувачи на семенски и саден материјал  

Согласно: Закон за семенски и саден материјал за земјоделски растенија (Службен весник на РМ бр. 39/06, 89/08, 171/10, 53/11, 69/13, 187/13, 43/14, 129/15, 39/16, 71/16, 83/18 и Службен весник на РСМ бр.122/21), Правилник за условите што треба да ги исполнат снабдувачите за да се запишат во регистар на семенски и саден материјал, содржината и начинот на водење на регистрите и содржината на барањето за запишување   (Службен весник на РМ бр. 08/07 и  68/14)

Услови:

Да има барање за запишување во регистар на снабдувачи со семенски и саден материјал,  вработено најмалку едно лице со високо образование од земјоделски науки - растително производство, земјоделско земјиште, опрема, деловни простории и соодветни магацински простории

Докази:

- Решение и тековна состојба издадена од Централен Регистар на РСМ

-   Имотен лист за деловен простор и/или магацински издаден од Агенција за катастар на недвижности;          

-   Договор за закуп на деловен простор и/или магацински простор доколку истото не е во сопственост на подносителот;                                                                        

-  Имотен лист за земјоделското земјиште издаден од Агенција за катастар на недвижности                                                                     

- Договор за закуп на зејоделско зењмјиште доколку истото не е во сопственост на подносителот;

- Диплома/уверение за вработеното лице за завршено високо образование од земјоделски науки со растителна насока;
- М1/М2 за вработеното лице издадена од Агенцијата за вработување  или потврда за вработеното лице издадена од ФПИО,                                                                      

- Изјава дека подносителот располага со соодветна опрема за производство и подготовка за трговија и     

- Доказ за платена административна такса.

                 



Регистрирање на снабдувачи на семенски и саден материјал од автохтони сорти

Услуга: Регистрирање на снабдувачи на семенски и саден материјал од автохтони сорти        

Согласно: Закон за семенски и саден материјал за земјоделски растенија (Службен весник на РМ бр. 39/06, 89/08, 171/10, 53/11, 69/13, 187/13, 43/14, 129/15, 39/16, 71/16, 83/18 и Службен весник на РСМ бр.122/21, Правилник за условите, формата и содржината на барањето за запишување во регистарот на снабдувачи на семенски и саден материјал од автохтони сорти, како и содржината и начинот на водење на регистарот на снабдувачи на семенски и саден материјал од автохтони сорти (Службен весник на РМ бр. 172/16)

Услови:

Да има барање за запишување во регистарот на снабдувачи со семенски и саден материјал од автохтони сорти, соодветно земјоделско земјиште и  соодветна опрема

Докази:

- Имотен лист од Агенција за катастар на недвижности на РСМ и

- Изјава дека поседува соодветна опрема за производство, доработка, пакување, етикетирање и трговија



Издавање на дозвола за трговија на пропишана количина на семенски и саден материјал

Услуга:Издавање на дозвола за трговија на пропишана количина на семенски и саден материјал од сорта која е во постапка на испитување за внесување во националната сортна листа од житни, фуражни, репа, градинарски, маслодајни и влакнодајни растенија, компир, тутун и винова лоза

Законски основ:Закон за семенски и саден материјал за земјоделски растенија (Службен весник на РМ бр. 39/06, 89/08, 171/10, 53/11, 69/13, 187/13, 43/14, 129/15, 39/16, 71/16, 83/18 и Службен весник на РСМ бр.122/21), Правилник за количината на семенскиот и садниот материјал од сорта која е во постапка на испитување за внесување во Национална сортна листа од житни, фуражни, репа, градинарски, маслодајни и влакнодајни растенија, компир и винова лоза и начинот на водење на евиденција  (Службен весник на РМ бр. 60/20)

Услови:

Да има барање од снабдувач на количини на семе во рамки на пропишаните и сортата да е во постапка за запишување

Докази:

Започната постапка за запишување на сорта во националната сортна листа и пропишана количина 



Издавање на привремена дозвола до една година за трговија со семенски и саден материјал

Услуга: Издавање на привремена дозвола до една година  за трговија со семенски и саден материјал кој не ги исполнува пропишаните услови за квалитет

Законски основ: Закон за семенски и саден материјал за земјоделски растенија (Службен весник на РМ бр. 39/06, 89/08, 171/10, 53/11, 69/13, 187/13, 43/14, 129/15, 39/16, 71/16, 83/18 и Службен весник на РСМ бр.122/21)

Услови:

- Немање на доволни количини на семенски и саден материјал со пропишан квалитет;

- Сортата не е запишан во Националната сортна листа;

- Барање од снабдувачот за привремено, најмногу за период од една година трговија со пропишани количини на семенски и саден материјал

Докази:

- Официјални етикети за семенскиот и саден материјал



Одобрување за користење на мали количини на семенски и саден материјал

Услуга: Одобрување за користење на мали количини на семенски и саден материјал кои не ги исполнуваат условите за трговија, а кои се наменети за научни цели, селекција, официјално испитување или за инспекциски надзор

Законски основ: Закон за семенски и саден материјал за земјоделски растенија (Службен весник на РМ бр. 39/06, 89/08, 171/10, 53/11, 69/13, 187/13, 43/14, 129/15, 39/16, 71/16, 83/18 и Службен весник на РСМ бр.122/21)

Докази:

Семенскиот и садниот материјал да е наменет за научни цели, селекција, официјално испитување или за инспекциски надзор

Услови:

Изјава дека семенскиот и садниот материјал е наменет за научни цели, селекција, официјално испитување или за инспекциски надзор



Официјално сертифицирање на семенски и саден материјал од видови на сорти на земјоделски растенија

Услуга: Официјално сертифицирање на семенски и саден материјал од видови на сорти на земјоделски растенија

Законски основ: Закон за семенски и саден материјал за земјоделски растенија (Службен весник на РМ бр. 39/06, 89/08, 171/10, 53/11, 69/13, 187/13, 43/14, 129/15, 39/16, 71/16, 83/18 и Службен весник на РСМ бр.122/21), Правилник за трговија со семенски материјал од фуражни растенија и репа (Службен весник на РМ бр. 08/07 и 68/14); Правилник за трговија со семе од житни растенија (Службен весник на РМ бр. 08/07 и 68/14);Правилник за трговија со семенски материјал од маслодајни и влакнодајни растенија (Службен весник на РМ бр. 32/07 и 68/14); Правилник за трговија со семенски материјал од градинарски растенија (Службен весник на РМ бр. 59/07 и 68/14); Правилник за трговија со семенски материјал од тутун (Службен весник на РМ бр.28/08 и 68/14 и Службен весник на РСМ бр.185/20);Правилник за трговија со саден материјал - расад од градинарски растенија (Службен весник на РМ бр.53/15); Правилник за трговија со семенски компир (Службен весник на РМ бр.62/09); Правилник за трговија со материјал за размножување и саден материјал од овошни растенија наменет за производство на овошје (Службен весник на РМ бр. 84/11, 72/14 и 108/14); Правилник за трговија со материјал за вегетативно размножување на винова  лоза (Службен весник на РМ бр. 116/11 и 104/14); Правилник за трговија со материјал за размножување и саден материјал од украсни растенија(Службен весник на РМ бр. 25/14)

Услови:

Да има пријава за посеани и насадени површини со семенски и саден материјал, извршена стручна контрола, пропишан квалитет на семе и здравстена состојба на семето и садниот материјал

Докази:

- Записник од извршен стручен преглед,                                         

-Сертификат за извршена стручна контрола на произведениот семенски и саден материјал, 

- Записник за задолжителен здравстен преглед,                      

- Уверение за здравствена состојба на посеви и насади,

- Пријава за земање на мостри за испитување на квалитет на семето, 

- Сертификат за квалитетот на семето на земјоделски растенија                                                                                                                                                                                                                                    



Издавање на Сертификат за конечно сертифицирано семе од семенска мешавина од житни и фуражни растени

Услуга: Издавање на Сертификат за конечно сертифицирано семе од семенска мешавина од житни и фуражни растенија

Законски основ: Закон за семенски и саден материјал за земјоделски растенија (Службен весник на РМ бр. 39/06, 89/08, 171/10, 53/11, 69/13, 187/13, 43/14, 129/15, 39/16, 71/16, 83/18 и Службен весник на РСМ бр.122/21), Правилник за трговија со семенски материјал од фуражни растенија и репа (Службен весник на РМ бр. 08/07 и 68/14), Правилник за трговија со семенски материјал од житни растенија  (Службен весник на РМ бр. 08/07 и 68/14

Услови:

Да има барање за добивање на конечен сертификат, сертификат за извршена стручна контрола на произведениот семенски материјал и сертификат за испитување на квалитетот на семенскиот материјал на компонентите на мешавината 

Докази:

Претходна спроведена постапка на официјална сертификација на семенски материјал од житни и фуражни растенија 



Издавање на сертификат за рано движење на семе

Услуга: Издавање на сертификат за рано движење на семе

Законски основ:Закон за семенски и саден материјал за земјоделски растенија (Службен весник на РМ бр. 39/06, 89/08, 171/10, 53/11, 69/13, 187/13, 43/14, 129/15, 39/16, 71/16, 83/18 и Службен весник на РСМ бр.122/21)

Услови:

Да има барање од првиот купувач, изготвен привремен аналитички извештај за семето, со кој се потврдува дека семето ги исполнува пропишаните услови за квалитет, и тоа: аналитичка чистота, отсуство на семе од други видови на растенија, отсуство на семе од плевелпривремен извештај за ‘ртливост кој потврдува дека семенскиот материјал го исполнува минималниот постигнат стандард за ‘ртливост за тие видови на семе

Докази:

Привремен аналитички извештај за семето, со кој се потврдува дека семето ги исполнува пропишаните услови за квалитет



Издавање на официјални етикети

Услуга: Издавање на официјални етикети

Законски основ:Закон за семенски и саден материјал за земјоделски растенија (Службен весник на РМ бр. 39/06, 89/08, 171/10, 53/11, 69/13, 187/13, 43/14, 129/15, 39/16, 71/16, 83/18 и Службен весник на РСМ бр.122/21), Правилник за формата и содржината на барањето, начинот и висината на надоместокот за издавање на официјални етикети (Службен весник на РМ бр. 43/15)

Услови:

Да има барање за издавање на официјални етикети, поседување на конечен сертификат

Докази:

Сертификат за конечно сертифицирано семе или Сертификат за конечно сертифициран саден материјал 



Официјално преиспитување на семенски и саден материјал

Услуга: Официјално преиспитување на семенски и саден материјал 

Законски основ:Закон за семенски и саден материјал за земјоделски растенија (Службен весник на РМ бр. 39/06, 89/08, 171/10, 53/11, 69/13, 187/13, 43/14, 129/15, 39/16, 71/16, 83/18 и Службен весник на РСМ бр.122/21)

Услови: 

Да има барање за официјално преиспитување, постоење на претходна официјална сертификација и етикетирање

Докази: 

Сертификат за конечно серифицирано семе,

Пријава за земање на мостри,

Сертификат за квалитетот на семето на земјоделски растенија 



Издавање на посебна увозна дозвола

Услуга: Издавање на посебна увозна дозвола

Законски основ: Закон за семенски и саден материјал за земјоделски растенија (Службен весник на РМ бр. 39/06, 89/08, 171/10, 53/11, 69/13, 187/13, 43/14, 129/15, 39/16, 71/16, 83/18 и Службен весник на РСМ бр.122/21, Правилник за содржината на барањето, формата и содржината на образецот и начинот на водење на евиденција на посебна увозна дозвола на семенски и саден материјал за земјоделски растенија (Службен весник на РМ бр. 47/09)

Услови:

- Барање за посебна увозна дозвола;

- Семенски и саден материјал да се подготви за трговија и официјално сертифицира, доколку во странската држава бил произведен и под официјален надзор и потврден како несертифициран семенски или саден материјал за земјоделски растенија и призната му е еднаква вредност;                                                                                                                                                                                                  

- Семенски и саден материјал да се  размножи и увозникот во целост да го извезе размножениот семенски или саден материјал и                                            

- Сортата да е во постапка на запишување во национална сортна листа во количеството кое не ги надминува пропишаните количества

Докази:

- Изјава за подготвка за трговија и официјално сертифицирање;

- Доказ од странската држава дека бил произведен и под официјален надзор и е потврден како несертифициран семенски или саден материјал за земјоделски растенија и призната му е еднаква вредност;  или

- Изјава дека размножениот семенски или саден материјал во целост ќе го извезе



Запишување на сорта во национална сортна листа

Услуга: Запишување на сорта во национална сортна листа

Законски основ: Закон за семенски и саден материјал за земјоделски растенија (Службен весник на РМ бр. 39/06, 89/08, 171/10, 53/11, 69/13, 187/13, 43/14, 129/15, 39/16, 71/16, 83/18 и Службен весник на РСМ бр.122/21); Правилник за запишување на сортата во Национална сортна листа и за водење на Национална сортна листа (Службен весник на РМ бр. 103/09 и 68/14);Правилник за постапките и методите за испитување на различност, еднообразност и стабилност на сортата(DUS- тест) кај земјоделските растенија (Службен весник на РМ бр. 110/10); Правилник за постапките и методите за испитување на видовите и сортите на земјоделски растенија и видовите и сортите за земјоделски растенија за кои не е потребно испитување на производна и употребна вредност (Службен весник на РМ бр. 85/09);Правилник за количините на семенски и саден материјал потребни за испитување (Службен весник на РМ бр. 38/07 и 91/15);                      Правилник за висината на надоместувањето на трошоците за испитување на вредноста на производството и употребата на сортите во сортни опити и висината на надоместокот за работата на комисијата за Национална сортна листа (Службен весник на РМ бр. 69/20)

Услови:

-Пријава за запишување на сортата во националната сортна листа;        

-Одредена количина на семенски или саден материјал за испитување;

-Надоместок за испитување на сортата; 

-Пријава за испитување на производна и употребна вредност на сортите (VCU-test) или предходно спроведен (VCU-test);

-Да се достави DUS (тест) и

- Соодветно име на сортата

Докази:

-Приложен тест за производна и употребна вредност на сортата (VCU тест);                                                                  

-Тест за различност, еднообразност и стабилност на сортата (DUS тест) и                                                                       

-Соодветно име на сортата



Бришење на сорта од Национална сортна листа по барање на одржувач

Услуга: Бришење на сорта од Национална сортна листа по барање на одржувач

Законски основ: Закон за семенски и саден материјал за земјоделски растенија (Службен весник на РМ бр. 39/06, 89/08, 171/10, 53/11, 69/13, 187/13, 43/14, 129/15, 39/16, 71/16, 83/18 и Службен весник на РСМ бр.122/21)

Услови:

Одржувачот бара бришење на сортата пред истекот на важноста на решението

Докази:

Барање на одржувачот



Продолжување на запишувањето на сортата во национална сортна листа

Услуга: Продолжување на запишувањето на сортата во национална сортна листа

Законски основ: Закон за семенски и саден материјал за земјоделски растенија (Службен весник на РМ бр. 39/06, 89/08, 171/10, 53/11, 69/13, 187/13, 43/14, 129/15, 39/16, 71/16, 83/18 и Службен весник на РСМ бр. 122/21); Правилник за формата и содржината на барањето за продолжување на запишувањето на сортата во националната сортна листа, како и начинот и постапката за продолжување на запишувањето (Службен весник на РМ бр. 137/10 и 68/14)

Услови:

Да поднесе барање за продолжување на запишување на сортата во национална сортна листа,  DUS (тест),  претходен VCU тест, најдоцна две години пред истекот на периодот до кој сортата е запишана

Докази:

DUS тест и претходен VCU тест



Запишување на автохтона сорта во националната сортна листа

Услуга: Запишување на автохтона сорта во националната сортна листа 

Законски основ: Закон за семенски и саден материјал за земјоделски растенија (Службен весник на РМ бр. 39/06, 89/08, 171/10, 53/11, 69/13, 187/13, 43/14, 129/15, 39/16, 71/16, 83/18 и Службен весник на РСМ бр. 122/21)

Услови:

-Пријава за запишување на автохтона сорта;

- Резултати од истражувања или

- Податоци добиени од производство односно употреба поднесени од научна институција 

Докази: 

- Елеборат за извршено истражување од научна институција или податоци добиени од производство од научни установи



Промена на име на сорта

Услуга: Промена на име на сорта 

Законски основ: Закон за семенски и саден материјал за земјоделски растенија (Службен весник на РМ бр. 39/06, 89/08, 171/10, 53/11, 69/13, 187/13, 43/14, 129/15, 39/16, 71/16, 83/18 и Службен весник на РСМ бр.122/21)

Услови: Да има барање за промена на името на сортата

Докази: Ако сортата е веќе заштитена или запишана во националната сортна листа во една од државите членки на Европската унија, името на сортата може да биде променето по претходно барање

Приговор против име на сорта 

Законски основ: Закон за семенски и саден материјал за земјоделски растенија (Службен весник на РМ бр. 39/06, 89/08, 171/10, 53/11, 69/13, 187/13, 43/14, 129/15, 39/16, 71/16, 83/18 и Службен весник на РСМ бр.122/21)

Приговор може да поднесе секој кој смета декај му е повреден правниот интерес со предложеното име на сортата

Докази:

Приговор против името на сортата со образложение

 



Доделување на селекционерско право

Услуга: Доделување на селекционерско право

Законски основ: Закон за селекционерско право (Службен весник на РМ бр.52/09 и Службен весник на РСМ бр. 122/21); Правилник за формата, содржината и постапката на поднесување на пријавата, потребните информации, документи или материјал за доделување на селекционерско право, формата, содржината и начинот на водење на регистарот на селекционерски права (Службен весник на РМ бр. 134/10), Правилник за висина на трошоците за доделување на селекционерското право,  и за висината на надоместокот за оддржување на селекционерското право (Службен весник на РМ бр. 66/11), Правилник за составот и начинот на работата на Комисијата за заштита на растителни родови и видови на земјоделски растенија (Службен весник на РМ бр. 134/10)

Услови:

-Пријава за доделување на селекционерско право;

- DUS тест;

- Соодветно име,

- Сортата да не е тргувана на територија на РМ не подолго од една година од поднесување на пријава;

- Да не е тргувана надвор од територија на РСМ не подолго од четири години;

- За винова лоза и дрвја да не е тргувана надвор од територија на РСМ не подолго од шест години

Докази:

-DUS тест;

-Платен надоместок;

- Соодветно име на сортата



Издавање на решение и контролни марки за одбележување на брашното кое се става во промет

Услуга: Издавање на решение и контролни марки за одбележување на брашното кое се става во промет

Законски основ: Закон за квалитетот на земјоделските производи (Сл.весник бр.140/2010)

Докази:

Барање за издавње на контролни марки за брашно  (Правилник за формата и содржината на барањето за издавање на контролната марка, формата и содржината на контрлолната марка,  начинот на нејзиното издавање, формата , содржината и начинот  на водењето на евиденцијата за издадени и искористени контролни макри за означување на брашното кое се става во промет (Сл.Весник бр.142/2019)



Упис во Регистар на производители, преработувачи, увозници и дистрибутери на растенија, растителни п

Услуга: Упис во Регистар на производители, преработувачи, увозници и дистрибутери на растенија, растителни производи и други објекти и предмети

Законски основ: Согласно член 19 од Законот за здравјето на растенијата ((Службен весник на Република  Македонија бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11, 69/13, 43/14,  158/14, 149/15, 39/16, 83/18 и 150/21)

Докази:

- Решение за упис на правното лице и тековна состојба издадени од Централен регистар на Република Македонија,
- Имотен лист за земјоделско земјиште и/или магацински простор,
- Договор за користење под закуп на земјоделско земјиште и/или магацински простор (склучен пред Нотар) наменети за производство, преработка, складирање и дистрибуција на растенија и растителни производи,
- Доказ за вработено лице на неопределено време (М1/М2) образец или,
- Договор за деловно-техничка соработка за давање на услуги од областа на здравјето на растенијата (склучен пред Нотар) со лицето одговорно за здравјето на растенијата и
- Диплома или уверение (копија заверена на Нотар) за завршено висока стручна спрема од областа на земјоделските науки (растително производство) или од областа на шумарските науки

Против издаденото решение може да се поднесе жалба до Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на добивањето истото



Постапка за донесување на Одлука за размена на земјоделско земјиште

Услуга: Постапка за донесување на Одлука за размена на земјоделско земјиште 

Законски основ: Согласно член 16 став 11 од Закон за земјоделското земјиште; Правилник за формата и содржината на образецот на барањето за размена на земјоделско земјиште и потребната документација (Службен весник на Република Македонија” бр. 12/08)    

Докази:

1.Барање (образец) за размена на земјоделско земјиште- преземи;

2.Копија од важечка лична карта или патна исправа за физичко лице односно тековна состојба за правното лице издадена од Централниот регистар на Република Македонија не постара од 1 месец;

3.Имотен лист не постар од 1 месец или поседовен лист со доказ за сопственост (договор за купопродажба, договор за дар, договор за размена, договор за доживотна издршка, договор за отстапување на имот за време на живот, правосилна судска одлука, правосилен акт од државен орган на управата);

4.Скици за местоположбата на земјоделското земјиште кое е предмет на размена, издадени од  Агенција за катастар на недвижности.;

5.Процена на вредност на земјоделското земјиште кое е предмет на размена;

6.Потврда од надлежниот основен суд дека врз земјоделското земјиште во сопственост на барателот нема засновано заложно право, доколку како доказ за сопственост се доставува поседовен лист;

7.Изјава заверена од нотар дека во случај кога државното земјоделско земјиште има пониска пазарна вредност од сопственото кое е предмет на размена, нема да бара надомест за разлика во вредноста;

8.Доказ дека земјоделското земјиште кое е предмет на размена не се наоѓа во градежен реон;

9.Доказ дека за змејоделското земјиште кое е предмет на размена не се води постапка за денационализација.



Изготвување на Решение за именување на повереник

Услуга: Изготвување на Решение за именување на повереник

Законски основ: Согласно член 21 став 1 и став 6 од Законот за консолидација на земјоделско земјиште 

Докази:

1.Предлог за именување на повереник;

2.Смртовница или извод од матична книга на умрените за починатото лице во кој е содржан податок за сродството за предлагачот и за лицето кое се предлага за повереник.



Решение за распределба на консолидационата маса со промена на границите

Услуга: Решение за  распределба на консолидационата маса со промена на границите

Законски основ: Спгласно член 27 став 3 од Законот за консолидација на земјоделско земјиште 

Докази

1.Геодетски елаборат 



Решение за распределба на консолидационата маса без промена на границите

Услуга: Решение за  распределба на консолидационата маса без промена на границите

Законски основ: Согласно член 27а став 2 од Законот за консолидација на земјоделско земјиште

Докази:

1.Нацрт предлог план за распределба на земјиште



Непосредна спогодба за давање во закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост внесено во к

Услуга: Непосредна спогодба за давање во закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост внесено во консолидациона маса согласно со усвоениот предлог за распределба на консолидационата маса 

Законски основ: Согласно член 38 став 2 од Законот за консолидација на земјоделско земјиште  

Докази:

1.Нацрт предлог план за распределба на консолидациона маса



Постапка за регистрирање во регистарот на вршители на работи во функција на консолидација

Услуга: Постапка за регистрирање во регистарот на вршители на работи во функција на консолидација 

Законски основ: Согласно член 9а став 7 од Законот за консолидација на земјоделско земјиште   

Докази: 

1.Тековна состојба од единствениот трговски регистар издадена од Централен Регистар на Република Македонија не постара од еден месец;

2.Лиценца  издадена од Агенцијата за катастар на недвижности за вршење на работи од областа на геодетски работи;

3.Договор за вработување или ангажирање на најмалку три вработени лица во редовен работен однос  на неопределено или определено работно време согласно член 9-а став (2) од Законот за консолидација на земјоделско земјиште;

4.Потврда издадена од работодавец (правно или физичко лице) за работно искуство на лицата од алинеа 3 на овој став.

За оваа услуга со наведените документи се доставува и барање зависно дали странката сака  упис, промена или бришење од Регистарот.

1. Барање за упис во регистар-преземи

2. Брање за промена во регистар-преземи 

3. Барање за бришење од регистар-преземи



Постапка за упис во единствениот регистар на Катастар

Услуга: Постапка за упис во единствениот регистар на Катастар

Законски основ: Согласно член 27 став 7 од Законот за консолидација на земјоделско земјиште  

Докази:

1.Геодетски елаборат за посебни намени за консолидација 



Постапка за давање на советодавна помош и посредување при консолидација на земјоделско земјиште со р

Услуга: Постапка за давање на советодавна помош и посредување при консолидација на земјоделско земјиште со размена

Законски основ: Согласно член 33 став 3 од Законот за консолидација на земјоделско земјиште

Докази: 

1.Барање за консолидација на земјоделско земјиште со размена



Процес на издавање на решенија упис во регистар на откупувачи на земјоделски производи (жита и масло

Услуга: Процес на издавање на решенија упис во регистар на откупувачи на земјоделски производи (жита и маслодајни семиња) 

Законски основ: Согласно член 33 став (4) од Законот за земјоделство и рурален развоj (Службен весник на РМ бр. 49/2010, 53/2011, 126/2012, 15/2013, 69/2013, 106/2013, 177/2014, 25/2015, 73/2015, 83/2015, 154/2015, 11/2016, 53/2016, 120/2016, 163/2016, 74/17,  83/18, 27/19 и Службен весник на Република Северна Македонија број 152/19, 244/19, 275/19 и 110/21).

Докази:

- Барање за упис во Регистарот  на откупувачи на земјоделски  производи-преземи                                                                                                              

- Документи за тековната состојба и потврда дека не е отворена постапка за ликвидација или стечајна постапка од Централен Регистар на Република Македонија;

- Решение за регистрирање во Регистарот на објекти и оператори со храна издадено од Агенција за храна и ветеринарство доколку е регистриран за вршење на соодветна дејност преработка на земјоделски производи, односно колење на жив добиток;

- Потврда за упис на производни капацитети на земјоделско стопанство согласно претходен упис на капацитети во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со статус на капацитети кој одговара на фактичката состојба, доколку е регистриран за одгледување на жив добиток;

-  Потврда од Агенција за вработување или образец М1/М2 за вработени лица во редовен работен однос на неопределено работно време;

- Склучени договори за трговија на големо за понатамошна продажба на планираните количини за откуп, доколку откупот го вршат правни лица кои се регистрирани за вршење трговија со земјоделски производи;        

-  Записник од Државен инспекторат за земјоделство за докажување на условот дека откупувачот располага со соодветни објекти и опрема согласно Правилникот за поблиските услови кои треба да ги исполнуваат откупувачите на земјоделски производи и поблиските услови кои треба да ги исполнуваат откупните места на земјоделски производи по претходно поднесено барање;

- Одобрение од надлежниот орган на општината и општините на градот Скопје за локацијата на која ќе се врши откуп на мобилни откупни места за периодот за кој се планира откупот на земјоделските производи доколку откупот се врши на јавна површина или Одобрение за собирен центар за жив добиток издадено од Агенција за храна и ветеринарство; 

- Заверена пријава за исполнување на минимално техничките услови за вршење на трговија и за почнување со работа на продажен или друг деловен објект од Државниот пазарен инспекторат, доколку откупот на земјоделските производи се врши на постојано откупно место и

- Документ за расположливи финансиски средства и намирени обврски за откуп на земјоделски производи и тоа: 

           -писмо на интерес од деловна банка за докажување на расположливи финансиски средства за откуп за тековната година или

           -информација за економско финансиска состојба издадена од Централен Регистар на Република Македонија или

           -ревизорски извештај од независна ревизорска куќа доколку има законска обврска за работењето во претходната година.

Tарифи за надоместоци за издавање на реални акти:

-  Уплатена административна такса од  1500.00 денари (уплатница ПП50)

Механизми за правна заштита:                 

- Може да се поведе управен спор во рок од 30 дена од приемот на решението пред Управен суд.



Процес на издавање на решенија за упис во евиденција на социјални и економски партнери

Услуга:Процес на издавање на решенија за упис во евиденција на социјални и економски партнери

Законски основ: Согласно член 24 став (4) од Законот за земјоделство и рурален развоj (Службен весник на РМ бр. 49/2010, 53/2011, 126/2012, 15/2013, 69/2013, 106/2013, 177/2014, 25/2015, 73/2015, 83/2015, 154/2015, 11/2016, 53/2016, 120/2016, 163/2016, 74/17,  83/18, 27/19 и Службен весник на Република Северна Македонија број 152/19, 244/19, 275/19, 110/21 и 123/22) и Правилник за начинот за упис и бришење од евиденцијата на социјални и економски партнери и потребната документација  („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/2011). 

Докази:

- Барање за упис во евиденција на социјални и економски партнери-преземи;    

-Тековна состојба од Централен Регистар на Република Северна Македонија не постара од 1 месец;

- Актот за основање

- Статут

-Програма за работа.

За упис во евиденцијата на економските партнери се поднесува и документација дека се исполнети дополнителните услови од член 24 став 3 од Законот за земјоделство и рурален развој и тоа во зависност од видот на економскиот партнер и тоа за:

А) Здруженија на земјоделски производители:

- список на членови на Здружението со име и презиме/Назив, ЕМБГ/ЕМБС, улица, број и место на живеење/седиште на членовите заверен со потпис и печат на одговорното лице на здружението;

Б) Здруженија на преработувачи или трговци со земјоделски производи:

- список на правни лица кои имаат пристапница во здружението со Назив, ЕМБС, улица, број и седиште на членовите заверен со потпис и печат на одговорното лице или

- документ за регистрирана приоритетна дејност на правните лица членови на Здружението издаден од трговскиот регистар;

В) Задруги и задружни сојузи од областа на земјоделското производство:

- доказ за годишен приход од продажба на земјоделски производи издаден од Управа за јавни приходи или извод од сметка за остварениот приход во претходната година од годината на упис

- список на правни лица кои имаат пристапница во задругата или задружниот сојуз со Назив, ЕМБС, улица, број и седиште на членовите заверен со потпис и печат на одговорното лице и

Г) Групации во рамките на стопанските комори од областа на земјоделството:

- список на правни лица кои имаат пристапница во стопанската комора со назив, ЕМБС, улица, број и седиште на членовите заверен со потпис и печат на одговорното лице;

- документ за регистрирана дејност на правните лица членови на Групацијата издаден од трговскиот регистар.                                                                           

Тарифи за надоместоци за издавање на реални акти: нема

Механизми за правна заштита:                 

- Може да се поведе управен спор во рок од 30 дена од приемот на решението пред Управен суд



Процес на издавање на решенија за упис во регистарот на откупувачи на тутун

Услуга: Процес на издавање на решенија за упис во регистарот на откупувачи на тутун

Законски основ: Врз основа на член 28 став 5 од Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19, 27/20 и 56/21) и Правилник за формата и содржината на барањето за упис во регистарот на откупувачи на тутун како и потребната придружна документација(„Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 168/19).

Докази:

- Барање за упис во во регистарот на откупувачи на тутун-преземи;    

1. Тековната состојба и потврда дека не е отворена постапка за ликвидација или стечајна постапка од Централен регистар на Република Северна Македонија;

2. Потврда од Агенцијата за вработување или образец М1/М2 за вработени лица во редовен работен однос на неопределено работно време;

3. Диплома за завршено високо образование од областа на растителната биотехнологија (поледелство, производство и преработка на тутун или преработка на земјоделски-растителни производи) и сведителство за завршено средно образование од областа на растителната биотехнологија како и од областа на производство и обработка на тутун;

4.  Документ за расположливи финансиски средства за најмалку половина од

планираната количина на тутун за првата производна реколта во висина на просечната откупна цена по килограм од претходната реколта на ниво на државата и тоа:

- информација за економско финансиска состојба издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија за работењето во претходната година или

- банкарска гаранција за обезбедени средства за планираниот откуп на тутун;

5. Имотен лист или договор за закуп дека располага со просторија за откуп;

6. Имотен лист или договор за закуп од најмалку три години дека располага со простории наменети за сместување, чување и индустриска обработка на тутун, како и соодветени простории за сместување на обработениот тутун;

7. Документација дека располага со опрема за откуп и индустриска обработка на тутун, во сопственост или закуп;

8. Записник од Државниот инспекторат за земјоделство за докажување на условот дека откупувачот располага со соодветни објекти и опрема согласно Правилникот поблиските услови кои треба да ги исполнува откупувачот на тутун за запишување во Регистарот на откупувачи на тутун и

9. Бизнис план со податоци и пресметка за договорена површина и планирана количина за откуп на тутун во првата производна година, по типови и реони со образложение за исполнување на условите од точките 5, 6 и 7 на овој член, со изјава на одговорното лице во правното лице заверена на нотар дека ќе ги откупи количините на тутун што планира да ги договори.

Тарифи за надоместоци за издавање на реални акти:

-  Уплатена административна такса од  1500.00 денари (уплатница ПП50).

Механизми за правна заштита:                 

-  Барателот има право на жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.



Процес на издавање на решенија за упис на промените во регистарот на откупувачи на тутун

Услуга: Процес на издавање на решенија за упис на промените во регистарот на откупувачи на тутун

Законски основ: Врз основа на член 26 став 5 од Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19, 27/20 и 56/21).

Докази:

- Барање за издавање на решение за настаната промена во регистарот на откупувачи на тутун;           

- Регистрираните откупувачи на тутун се должни во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство без одложување да ја пријават секоја промена на името, адресата, седиштето или дејноста и да достават барање за вршење увид на ново настанатата промена со доказ од Централен регистар на Република Северна Македонија за настанатата промена;

- Записник од Државниот инспекторат за земјоделство за извршен увид на ново настанатата промена.

Механизми за правна заштита:                 

- Барателот има право на жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.



Процес на издавање на решенија за упис во регистар на откупувачи на земјоделски производи (градинарс

Услуга: Процес на издавање на решенија за упис во регистар на откупувачи на земјоделски производи (градинарски култури)

Законски основ: Согласно член 33 став (4) од Законот за земјоделство и рурален развоj (Службен весник на РМ бр. 49/2010, 53/2011, 126/2012, 15/2013, 69/2013, 106/2013, 177/2014, 25/2015, 73/2015, 83/2015, 154/2015, 11/2016, 53/2016, 120/2016, 163/2016, 74/17,  83/18, 27/19 и Службен весник на Република Северна Македонија број 152/19, 244/19, 275/19 и 110/21).

Докази:

-Барање за упис во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи- преземи;                                                                                                                                                                                                                                                      

- Тековна состојба од Централен регистер;

- Потврда за стечајна постапка од Централен регистер;

- Писмо за намери или информација за економско-финансиска состојба на субјектот од Централен регистер;

- Потврда за ликвидациона постапка од Централен регистер;

- Потврда од Агенција за вработување или образец М1/М2 за вработени лица во редовен работен однос на неопределено работно време;

- Решение за регистрирање во Регистарот на објекти и оператори со храна издадено од Агенција за храна и ветеринарство доколку е регистриран за вршење на соодветна дејност преработка на земјоделски производи, односно колење на жив добиток;

- Записник од Државен инспекторат за земјоделство за докажување на условот дека откупувачот располага со соодветни објекти и опрема согласно Правилникот за поблиските услови кои треба да ги исполнуваат откупувачите на земјоделски производи и поблиските услови кои треба да ги исполнуваат откупните места на земјоделски производи по претходно поднесено барање;

- Изјава за поседување на простории (или договор за закуп).

  • Тарифи за надоместоци за издавање на реални акти:

-Уплатена административна такса од  1 500.00 денари  (уплатница  ПП50);        

  • Механизми за правна заштита:

Може да се поведе управен спор во рок од 30 дена од приемот на решението пред Управен суд.



Процес на издавање на решенија за овластување на контролно/сертификациско тело за вршење на стручн

Услуга: Процес на издавање на решенија  за овластување на контролно/сертификациско тело  за вршење на стручна контрола во органското земјоделско производство

Законски основ: Согласно  член 50, став (3) од Законот за органско земјоделско производство („Службен весник на Република Македонија“ бр.146/09)

Докази:

- поднесено барање на заинтересираното контролно/сертификациско тело

(а) копија од сертификат за акредитација издаден од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија со кој се потврдува дека се исполнети општите барањата за сертификација на производи или потврда дека е во процес на стекнување на сертификат за акредитација, издадена од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија;

(б) тековна состојба издадена од Централен Регистар на Република Македонија на правното лице не постара од 6 месеци;       

(в) за две вработени лица:

- уверение за завршено високо образование од областа на земјоделството, шумарството, ветеринарството, биотехнологијата или технолошките науки;

- пријава/одјава во задолжително социјално осигурување- образец М1/М2;

-  биографија потпишана и заверена со печат од страна на одговорното лице во правното лице

-  потврда за работно искуство издадена од институцијата каде истото е стекнато;

(г) имотен лист или договор за закуп на деловен простор, заверен кај нотар;

(д) изјава за поседување на соодветна опрема;

(ѓ) органограм на организациската поставеност во контролното/сертификациско тело;

(е) изјава дека не врши советодавна активност за субјектите над кои врши контрола и

(ж) изјава дека активостите на контролното/сертификациско тело не се во спротивност со Законот за спречување судир на интереси. Услови за oвластување за вршење на анализи и суперанализи во органското земјоделско производство

-  поднесено барање на заинтересираното контролно/сертификациско тело

(а) копија од сертификатот за акредитација во чиј во опсег прецизно се дефинирани методите на испитување потребни во органското земјоделско производство, издаден од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија со кој се потврдува дека се исполнети општите барања за компетентност на лабораториите за тестирање и калибрација или потврда дека е во процес на стекнување на сертификат за акредитација, издадена од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија;

(б) тековна состојба издадена од Централен Регистар на Република Македонија на правното лице не постара од 6 месеци;

(в) за три вработени лица:

- уверение за завршено високо образование од областа на хемиско-технолошките,биотехнолошките, биохемиските, ветеринарните или земјоделските науки;

- пријава/одјава во задолжително социјално осигурување- образец М1/М2;

- биографија потпишана и заверена со печат од страна на одговорното лице во правното лице;

- потврда за работно искуство издадена од институцијата каде истото е стекнато;

(г) имотен лист или договор за закуп на деловен простор, заверен кај нотар и

(д) изјава за поседување на соодветна опрема за вршење на анализи и суперанализи во органското земјоделско производство.



Процес на издавање на решенија за упис во Регистар на откупувачи на земјоделски производи (сурово мл

Услуга: Процес на издавање на решенија за упис во Регистар на откупувачи на земјоделски производи (сурово млеко, жив добиток и мед)

Законски основ: Согласно член 33 став (4) од Законот за земјоделство и рурален развоj (Службен весник на РМ бр. 49/2010, 53/2011, 126/2012, 15/2013, 69/2013, 106/2013, 177/2014, 25/2015, 73/2015, 83/2015, 154/2015, 11/2016, 53/2016, 120/2016, 163/2016, 74/17,  83/18, 27/19 и Службен весник на Република Северна Македонија број 152/19, 244/19, 275/19 и 110/21).

Докази:

- Барање за упис во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи- преземи;

- Тековна состојба од Централен регистер на Република Македонија на правното лице не постара од 6 месеци;    

- Потврда за стечајна постапка од Централен регистер;

- Писмо за намери или информација за економско-финансиска состојба на субјектот од Централен регистер;

- Потврда за ликвидациона постапка од Централен регистер;

- Потврда од Агенција за вработување или образец М1/М2 за вработени лица во редовен работен однос на неопределено работно време;

- Решение за регистрирање во Регистарот на објекти и оператори со храна издадено од Агенција за храна и ветеринарство доколку е регистриран за вршење на соодветна дејност преработка на земјоделски производи, односно колење на жив добиток;

- Записник од Државен инспекторат за земјоделство за докажување на условот дека откупувачот располага со соодветни објекти и опрема согласно Правилникот за поблиските услови кои треба да ги исполнуваат откупувачите на земјоделски производи и поблиските услови кои треба да ги исполнуваат откупните места на земјоделски производи по претходно поднесено барање;

- Изјава за поседување на простории (или договор за закуп).

Тарифи за надоместоци за издавање на реални акти:

-Уплатена административна такса од  1 500.00 денари  (уплатница  ПП50);        

Механизми за правна заштита:

Може да се поведе управен спор во рок од 30 дена од приемот на решението пред Управен суд.



Процес на издавање на решенија за упис во Регистар на признати организации на одгледувачи на добиток

Услуга: Процес на издавање на решенија за упис во Регистар на признати организации на одгледувачи на добиток

Законски основ: Согласно членовите 19 и 69 од Законот за сточарството (Службен весник на Република Македонија број 7/08, 116/10, 23/13, 149/15 и 39/16 и Службен весник на Република Северна Македонија број 122/21).

Докази:

- Барање за упис во Регистарот  на признати организации на одгледувачи на добиток-преземи;

- Уплатена административна такса од 1 500.00 денари (уплатница ПП50);                                                                                                                                                                                                                                                                 

- Тековна состојба од Централен регистер на Република Македонија (ЦР) на правното лице не постара од 6 месеци;  

- Потврда за стечајна постапка од Централен регистер;

- Писмо за намери или информација за економско-финансиска состојба на субјектот од Централен регистер;

- Потврда за ликвидациона постапка од Централен регистер;

- Потврда од Агенција за вработување или образец М1/М2 за вработени лица во редовен работен однос на неопределено работно време;

- Изјава за поседување на простории (или договор за закуп)

- Изјава за обезбедување на користење на податоци потребни за изведување на одгледувачка програма;

- Изјава за располагање на минимален број на добиток;

- Изјава за обезбедување контрола и регистрирање на потеклото;

- Изјава за усвојување на сите стручни правила за определување на особините на расите;

- Изјава за почитување на правилата за обезбедување на начелата на дискриминација.

Тарифи за надоместоци за издавање на реални акти:

- Уплатена административна такса од  1 500.00 денари  (уплатница  ПП50);

Механизми за правна заштита:

Жалба во рок од 15 дена од доставување до Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.



Процес на издавање на решенија за упис во Регистар на одобрени одгледувалишта на пчелни матици

Услуга: Процес на издавање на решенија за упис во Регистар на одобрени одгледувалишта на пчелни матици

Законски основ: Согласно членовите  42, 43 и 73 од Законот за сточарството (Службен весник на Република Македонија број 7/08, 116/10, 23/13, 149/15 и 39/16 и Службен весник на Република Северна Македонија број 122/21).

Докази:

- Барање за упис во Регистарот  на одобрени пчелни матици-преземи;

- Тековна состојба од Централен регистер на Република Македонија (ЦР) на правното лице не постара од 6 месеци;                                                                                                                                

- Потврда од Агенција за вработување или образец М1/М2 за вработено лице од областа на биотехнологијата;

- Изјава за поседување на простории потребна за чување на опремата за производство на пчелни матици;

- Изјава за постоење на заштитен радиус од 3000 метри околу одгледувалиштето;

- Одгледувачка програма за пчелни матици.

Тарифи за надоместоци за издавање на реални акти:

- Уплатена административна такса од  1 500.00 денари  (уплатница  ПП50);

Механизми за правна заштита:

Жалба во рок од 15 дена од доставување до Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.



Процес на издавање на решенија за одобрување на одобрена институција за производство на семе од доби

Услуга: Процес на издавање на решенија за одобрување на одобрена институција за производство на семе од добиток

Законски основ: Согласно членовите  41 и 73 од Законот за сточарството (Службен весник на Република Македонија број 7/08, 116/10, 23/13, 149/15 и 39/16 и Службен весник на Република Северна Македонија број 122/21).

Докази:

- Барање за одобрување на институција за производство на семе од добиток-преземи;

- Педигриња за машки грла;

- Потврда од Агенција за вработување или образец М1/М2 за вработено лице од областа на биотехнологијата;

- Изјава за поседување на простории потребна за чување на семе од добиток;

- Решение за одобрување на центар за репродукција и в/о за домашни животни;

- Одгледувачка програма за производство на семе од добиток.

• Тарифи за надоместоци за издавање на реални акти:

Уплатена административна такса од  1 500.00 денари  (уплатница  ПП50);



Решение за запишување во регистар на одгледувачи на риби

Услуга: Решение за запишување во регистар на одгледувачи на риби

Законски основ за услугата: Закон за рибарство и аквакултура (“Службен весник на Република Македонија” бр. 7/08, 67/10, 47/11, 53/11, 95/12, 164/13, 116/14, 154/15, 193/15, 39/16, 83/18 и “Службен весник на Република Северна Македонија”  бр. 150/21) и Правилник  за формата, содржината и начинот на водење на регистарот на одгледувачи на риби, формата и содржината на образецот на барањето за запишување во регистарот, како и потребните докази за исполнување на условите за запишување во регистарот (“Службен весник на Република Македонија” бр. 117/16 и 215/18).

Докази:

- Барање;

- Потврда за регистрирана дејност (ПРД ) издадена од Централен регистар на Република Македонија; 

- Имотен лист издаден од Агенција за катастар на недвижности (доказот не се доставува за поставени  кафези); 

- Договор за користење на рибникот, полурибникот, кафезот и оризиштето или на површината на која се наоѓаат рибникот, полурибникот и оризиштето (доколку рибникот, полурибникот, кафезот и оризиштето или површината на која се наоѓаат рибникот, полурибникот и оризиштето не е во сопственост или во користење на подносителот); 

- Изјава од подносителот заверена на нотар за сопственост на кафезите (доказот се доставува за поставени кафези) и 

- Записник од Државниот инспекторат за земјоделство за констатирана состојба.

Тарифи за надоместоци за издавање на реални акти:

- Административна такса 250,00 денари

Механизми за правна заштита:

 Жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.

 



Дозвола за аквакултура

Услуга: Дозвола за аквакултура 

Законски основ за услугата: Закон за рибарство и аквакултура (“Службен весник на Република Македонија” бр. 7/08, 67/10, 47/11, 53/11, 95/12, 164/13, 116/14, 154/15, 193/15, 39/16, 83/18 и “Службен весник на Република Северна Македонија”  бр. 150/21) и Правилник  за формата и содржината на барањето за издавање на дозволата за аквакултура и дозволата за аквакултура, како и потребните докази за исполнување на условите за издавање на дозволата (“Службен весник на Република Македонија” бр. 117/16)

Докази:

- Барање

- Kарта за идентификација на одгледувалиште (РБО) издадена од Агенција за храна и ветеринарство; 

- Дозвола на користење на вода издадена од Министерство за животна средина и просторно планирање; 

- Решение за одобрување на елаборат за заштита на животна средина издадено од Министерство за животна средина и просторно планирање и 

- Одобрение за употреба на градба или одобрение за потврдување на бесправно изграден објект издадени од единицата на локална самоуправа или извештај за извршен технички преглед издаден од страна на надзорен инженер (доказот не се доставува за поставување на кафези).

Механизми за правна заштита:

- Жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.

Тарифи за надоместоци за издавање на реални акти:

- Административна такса 250,00 денари.



Дозвола за производство на порибителен материјал

Услуга: Дозвола за производство на порибителен материјал

Законски основ за услугата: Закон за рибарство и аквакултура (“Службен весник на Република Македонија” бр. 7/08, 67/10, 47/11, 53/11, 95/12, 164/13, 116/14, 154/15, 193/15, 39/16, 83/18 и “Службен весник на Република Северна Македонија”  бр. 150/21) и Правилник  за формата и содржината на барањето за издавање на дозвола за производство на порибителен материјал од рибник наменет за промет, како и формата, содржината и начинот на водење на евиденцијата за издадените дозволи (“Службен весник на Република Македонија” бр. 117/16).

Докази:

Барање;

Доказ за вработено најмалку едно лице со високо образование од областа на природните науки (рибарство) или да има склучено договор за соработка со научна или образовна установа од областа на рибарството (М1/М2  образец) и

Записник од Државниот инспекторат за констатирана состојба дека има објекти за чување на матици, објекти и опрема за инкубирање на оплодената икра, објекти за чување на личинките и подмладокот и соодветна опрема за изведување на мрест.

Механизми за правна заштита:

- Жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.

Тарифи за надоместоци за издавање на реални акти:

- Административна такса 250,00 денари.

 



Решение за запишување во регистарот на репроцентри за производство на репродуктивен и порибителен ма

Услуга: Решение за запишување во регистарот на репроцентри за производство на репродуктивен и порибителен материјал

Закон за рибарство и аквакултура (“Службен весник на Република Македонија” бр. 7/08, 67/10, 47/11, 53/11, 95/12, 164/13, 116/14, 154/15, 193/15, 39/16, 83/18 и “Службен весник на Република Северна Македонија”  бр. 150/21) и Правилник  за формата и содржината и начинот на водење на регистарот на репроцентри за производство на репродуктивен и порибителен материјал, како и формата и содржината на барањето за запишување во регистарот (“Службен весник на Република Македонија” бр. 117/16 и 215/18).

Докази:

- Барање;

- Доказ за вработено најмалку едно лице со високо образование од областа на природните науки (рибарство) (М1/М2  образец) и

- Записник од Државниот инспекторат за констатирана состојба дека има мрестилиште со објекти за чување на матици, објекти и опрема за инкубирање на оплодената икра, објекти за чување на личинките и подмладокот и соодветна опрема за изведување на мрест.

Механизми за правна заштита:

- Жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.

Тарифи за надоместоци за издавање на реални акти:

- Административна такса 250,00 денари



Издавање на државна дозвола за рекреативен риболов

Услуга: Издавање на државна дозвола за рекреативен риболов

Законски основ за услугата: Закон за рибарство и аквакултура (“Службен весник на Република Македонија” бр. 7/08, 67/10, 47/11, 53/11, 95/12, 164/13, 116/14, 154/15, 193/15, 39/16, 83/18 и “Службен весник на Република Северна Македонија”  бр. 150/21) и Правилник за формата и содржината на образецот на дозволата за рекреативен риболов и образецот за водење евиденција, начинот на водење на евиденцијата и доставување на податоците (“Службен весник на Република Македонија” бр. 162/10).

Докази:

- Барање:

- Докази за уплатени средства и

- Копија од важечка легитимација за рекреативен риболов.

Механизми за правна заштита: /

Тарифи за надоместоци за издавање на реални акти;

- Надоместок за издавање на државна дозвола - 7.000,00 денари



Процес на издавање на одобренија за производство на афион за есенска и пролетна сеидба

Услуга: Процес на издавање на одобренија за производство на афион за есенска и пролетна сеидба

Законски основ: Согласно член 29 од Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции („Службен весник на Република Македонија“ бр. 103/08, 124/10, 164/13, 149/15, 37/16, 53/16 и 193/17) и Правилникот за формата и содржината на пријавата за производство на афион, книгата за евиденција, договорот за производство и поблиските критериуми за производство на афион и откуп на афион за производство на опојни дроги и психотропни супстанции („Службен весник на Република Македонија“ бр.34/10, бр.24/14 и бр.14/15).

Докази:

Одгледувачот на афион по претходно склучен договор со правното лице овластено за откуп на афион или со правно лице за откуп и производство на опојни дроги и психотропни сустанции  доставува Пријава-преземи најдоцна 15 дена по сеидбата до подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и фотокопија од:

- за физичко лице: лична карта; договор за производство на афион или договор со овластен посредник за откуп на афион; поседовен или имотен лист на име на производителот на афион или поседовен или имотен лист на име на негов родител или нотарски солемизиран договор за закуп ако афионот не го произведува на сопствено земјиште или земјиште во сопственост на родител или договор за закуп склучен со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

- за правно лице/научно-образовна институција: тековна состојба на правното лице од единствениот трговски регистар и регистарот на други правни лица од Централен регистар на Република Македонија, договорот за производство на афион или договор со овластен посредник за откуп на афион, имотен или поседовен лист како доказ за сопственост или за користење, договор за закуп склучен со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или договор за закуп нотарски солеминизиран.

Тарифи за надоместоци за издавање на реални акти: нема

Механизми за правна заштита: нема               



Процес на издавање на одобренија за сеење/садење на канабис за медицински цели

Услуга: Процес на издавање на одобренија за сеење/садење на канабис за медицински цели

Законски основ: Согласно член 29-в од Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции („Службен весник на Република Македонија“ бр. 103/08, 124/10, 164/13, 149/15, 37/16, 53/16 и 193/17)

Докази:

Правното лице кое има одобрение за одгледување на канабис, пред започнување со сеење/садење е должно да поднесе барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за добивање одобрение за сеење/садење на канабис.

Кон барањето се поднесува:

1) одобрение за одгледување на канабис издадено од Министерството за здравство (фотокопија заверена на нотар);

2)  одобрен елаборат/план  за  одгледување  на  канабис од комисија формирана од министерот за здравство, заверена и потпишана од одговорното лице на правниот субјект кој го поднел барањето.

Одобрението за сеење/садење на канабис го издава Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето.

Тарифи за надоместоци за издавање на реални акти:       

Уплатена административна такса од  250,00 денари (уплатница ПП50).

Механизми за правна заштита: нема               



Процес на издавање на одобрение за откуп и производство на опојни дроги и психотропни супстанции

Услуга: Процес на издавање на одобрение за откуп и производство на опојни дроги и психотропни супстанции

Законски основ: Врз основа на член 29 став 4 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции („Службен весник на Република Македонија“ бр.103/08, 124/10 ,164/13, 149/15, 37/16 , 53/16 и 193/17) и член 5 став 2 од Правилникот за формата и содржината на пријавата за производство на афион, книгата за евиденција, договорот за производство и поблиските критериуми за производство на афион и откуп на афион за производство на опојни дроги и психотропни супстанции („Службен весник на Република Македонија“ бр.34/10, бр.24/14 и бр.14/15).

Докази:

Правното лице (откупувач) од став (2) на овој член, за да добие одобрение за откуп на афион за производство на опојни дроги треба да ги исполнува следните критериуми:

- да е регистриран за вршење на дејност откуп на афион и производство на опојни дроги и психотропни супстанции во Цетрален регистар на Република Македонија;

- да има вработено најмалку едно лице со високо образование со соодветна насока од областа на технологијата за производство и доработка на афион, со најмалку три години работно искуство во производството, откупот и доработката на афион;

- да располага со или да поседува земјоделско земјиште;

- да располага со или да поседува простории за откуп, сместување, чување и индустриска обработка на афионот, како и соодветен простор за складирање на откупената афионова слама покриен со природна вентилација со најмалку 250 м² корисна површина;

- да располага со соодветна опрема за екстракција и механизација за производство и доработка на семенскиот материјал од афион и тоа: редосеалка за ситносемени култури, машина за кршење на афионови шишарки и одвојување на семето од шишарките, машина за веење и машина за обеззаразување на афионовото семе, копија од решение за упис во регистарот на производители на семенски материјал од афион и копија од пописна листа;

- да достави позитивно мислење за бонитет, заверена копија од Централен регистар на Република Македонија и

- да ги има исплатено сите обврски за откупените количини афионова слама и семе кои произлегуваат од склучените договори за производство и откуп на афион од претходната производна година, со приложување на изјава за исплатени обврски заверена и потпишана од директорот на фирмата или од одговорното во правното лице.

- да достави записник од Државниот инспекторат за земјоделство за извршен увид за исполнувањето на наведените критериуми.

Тарифи за надоместоци за издавање на реални акти: нема

Механизми за правна заштита: нема               

 

 



Продолжување на договорот за закуп

Услуга: Продолжување на договорот за закуп

Законски Основ: Член 39 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13, 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16 и 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ 161/19 и 178/21)

Услови:

1. По истекот на времетраење на склучениот договор за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост по барање на закупецот, доколку закупецот во целост ги исполнил обврските од договорот за закуп, министерот може по претходно позитивно мислење од Државното правобранителство на Република Македонија и по претходна согласност од Владата на Република Македонија со непосредна спогодба да склучи нов договор за закуп со закупецот и

2. Закупецот барањето може да го поднесе до Министерството во рок од шест месеци пред истекот на времетраењето на договорот за закуп.

Докази:

1. Барање за склучување на нов договор за закуп со непосредна спогодба

За физички лица:

-копија од важечка лична карта или патна исправа на барателот;

-договор за закуп основ за склучување на нов договор;

-записник за воведување во владение;

-геодетски елаборат и

-записник од Државниот испекторат за земјоделство за целосно исполнување на обврските од договорот со констатирана состојба за начинот на користење на земјоделското земјиште.

2. За правни лица:

-тековна состојба на правното лице издадено од Централниот регистар на Република Северна Македонија не постара од еден месец;

-договор за закуп основ за склучување на нов договор;

-записник за воведување во владение;

-геодетски елаборат и

-записник од Државниот испекторат за земјоделство за целосно исполнување на обврските од договорот со констатирана состојба за начинот на користење на земјоделското земјиште.

Потребната документација се доставува во оригинал или во фотокопија заверена од нотар.

 



Закуп со непосредна спогодба

Услуга: Закуп со непосредна спогодба

законски основ: Член 38 став 3 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13, 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16 и 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ 161/19 и 178/21)

Докази:

1. На закупеното земјоделско земјиште да има подигнато долгогодишен насад, оранжерии или објекти изградени согласно со овој закон, а закупецот по кој било правен основ располага со насадот, оранжериите или објектите, или пак сопственост врз истите стекнал друг по кој било друг правен основ;

2. Непосредната спогодба од ставот 3 на овој член се склучува со новиот сопственик на насадот, оранжеријата или објектот изградени согласно со овој закон под исти услови од договорот склучен со претходниот закупец за преостанатиот период од основниот договор, а доколку користењето на земјиштето било по друг правен основ непосредната спогодба се склучува согласно со условите од членот 67 ставови 2 и 3 на овој закон.

3. Правото на закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост согласно со овој член се остварува по поднесено барање од сопствениците од ставот 3 на овој член, по претходно целосно плаќање на достасаниот, а неплатен надоместок за закупнина.

Докази:

1. Барање за правото на закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост 

2.Сопствениците на долгогодишниот насад, оранжерии или објекти кон барањето  ја доставуваат следната документација:

а) За правни лица:

- тековна состојба на правното лице издадена од Централниот регистар на Република Северна Македонија не постара од еден месец;

- основ за стекнување со право на сопственост на долгогодишниот насад, оранжерии или објекти; и

- геодетски елаборат за земјиштето за кое се бара право на закуп.

б) За физички лица:

- копија од важечка лична карта или патна исправа на барателот;

- основ за стекнување со право на сопственост на долгогодишен насад, оранжерии или објекти; и

- геодетски елаборат за земјиштето за кое се бара право на закуп.

Потребната документација се доставува во оригинал или во фотокопија заверена од нотар.

 

 



Доставување на годишен и петгодишен извештај

Услуга: Доставување на годишен  и петгодишен извештај

Законски основ: Член 34 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13, 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16 и 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ 161/19 и 178/21).

Услови:

1. За начинот на користење на земјоделското земјиште и исполнување на обврските од договорот, закупецот е должен да доставува годишен извештај до Министерството најдоцна до 31 декември во тековната година.

2. Закупецот е должен на секои пет години да доставува извештај до Министерството за реализација на бизнис планот, односно програмата од членот 25 на овој закон за користењето на земјоделско земјиште во државна сопственост кое го користи под закуп и

3. Обврска има секој закупец на земјоделско земјиште во државна сопственост;

Докази:

1. Годишниот извештај за начинот на користење на земјоделско земјиште и исполнување на обврските од договорот за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

2. Извештајот за реализација на бизнис планот, односно програмата од член 25 од Законот за земјоделското земјиште

 



Пренесување на корисничко право

Услуга: Пренесување на корисничко право

Законски основ: Член 36 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13, 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16 и 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ 161/19 и 178/21)

I.ВО СЛУЧАЈ НА СМРТ НА ЗАКУПЕЦОТ

Услови:

1. Во случај на престанок на договорот за закуп од причините од членот 35 став 1 алинеја 9 на овој закон, корисничкото право може да се пренесе со непосредна спогодба склучена меѓу Министерството и наследниците на закупецот под услови предвидени во договорот кој бил склучен со закупецот, за преостанатиот период од времетраењето на закупот и

2. Правото на склучување на договор со непосредна спогодба од овој член може да се оствари со поднесено барање, најдоцна во рок од шест месеци од денот на настапувањето на случаите за престанок на договорот за закуп.

Докази:

1. Барање за пренесување на корисничкото со склучување на договор со непосредна спогодба 

2. Копија од важечка лична карта или патна исправа на барателот;

3. Извод од матична книга на умрените за закупецот;

4. Правосилно судско решение или нотарски акт за спроведена оставинска постапка;

5. Договор за закуп за кој се бара пренесување на корисничкото право;

6. Записник за воведување во владение;

7. Геодетски елаборат;

8. Доказ за подмирена закупнина и

9. Спогодба за начинот на пренесување на корисничкото право (доколку постои повеќе од еден наследник).

Потребната документација се доставува во оригинал или во фотокопија заверена од нотар.

II.ВО СЛУЧАЈ НА ОТВАРАЊЕ НА СТЕЧАЈНА ПОСТАПКА

Услови:

1. Во случај на престанок на договорот за закуп од причините од членот 35 алинеa 5 на овој закон, корисничкото право може да се пренесе на правните следбеници, под истите услови како во договорот кој бил склучен со закупецот, по претходно целосно плаќање на достасаниот, а неплатен надоместокот за закупнина и

2. Правото на склучување на договор со непосредна спогодба од овој член може да се оствари со поднесено барање, најдоцна во рок од шест месеци од денот на настапувањето на случаите за престанок на договорот за закуп.

Докази:

1. Барање за правото на закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост;

2. Тековна состојба на правното лице издадено од Централниот регистар на Република Северна Македонија на постара од еден месец;

3. Договор за закуп за кој се бара пренесување на корисничкото право;

4. Записник за воведување во владение доколку договорот за закуп не е склучен врз основа на член 62 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.25/98, 18/99 и 2/04);

5. Геодетски елаборат;

6. Доказ за подмирена закупнина;

7. Решение за отварање на стечајна постапка;

8. Решение за затварање на стечајна постапка и

9. Спогодба за начин на пренесување на корисничко право (само доколку постојат повеќе од еден правни следбеници)

 

Потребната документација се доставува во оригинал или во фотокопија заверена од нотар.

 

III.ВО СЛУЧАЈ НА ОТВАРАЊЕ НА СТАТУСНА ПРОМЕНА

Услови:

1. Во случај на престанок на договорот за закуп од причините од членот 35 алинеa 7 на овој закон, корисничкото право може да се пренесе на правните следбеници на закупецот, под истите услови како во договорот кој бил склучен со закупецот кој извршил статусни промени, по претходно целосно плаќање на достасаниот, а неплатен надоместокот за закупнина и

2. Правото на склучување на договор со непосредна спогодба од овој член може да се оствари со поднесено барање, најдоцна во рок од шест месеци од денот на настапувањето на случаите за престанок на договорот за закуп.

Докази:

1. Барање за правото на закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост;

2. Tековна состојба на правното лице издадено од Централниот регистар на Република Северна Македонија на постара од еден месец;

3. Договор за закуп за кој се бара пренесување на корисничкото право;

4. Записник за воведување во владение доколку договорот за закуп не е склучен врз основа на член 62 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.25/98, 18/99 и 2/04);

5. Геодетски елаборат;

6. Доказ за подмирена закупнина;

7. Нотарски акт за извршена статусна промена;

8. Доказ од Централен регистар за извршен упис на статусната промена во трговскиот регистар или друг регистар на упис и

9. Спогодба за начин на пренесување на корисничко право (само доколку постојат два или повеќе правни следбеници).

Потребната документација се доставува во оригинал или во фотокопија заверена од нотар.

IV.ВО СЛУЧАЈ НА БРИШЕЊЕ НА ИНДИВИДУАЛНИОТ ЗЕМЈОДЕЛЕЦ ОД РЕГИСТАРОТ ЗА ВРШИТЕЛИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКА ДЕЈНОСТ

Услови:

1. Во случај на престанок на договорот за закуп склучен со индивидуален земјоделец поради бришење од Регистарот за вршители на земјоделска дејност, корисничкото право може да се пренесе на друг член на семејството на закупецот под истите услови како во договорот кој престанал да важи, по претходно целосно плаќање на достасаниот, а не платен надоместок за закупнина;

2.Корисничкото право согласно со ставот 5 на овој член се пренесува со непосредна спогодба склучена меѓу Министерството и членот на семејството кој ќе го определи закупецот од договорот кој престанал да важи и кој е согласен врз него да се пренесе правото на закуп за преостанатиот период на времетраење на закупот од основниот договор и

2. Правото на склучување на договор со непосредна спогодба од овој член може да се оствари со поднесено барање, најдоцна во рок од шест месеци од денот на настапувањето на случаите за престанок на договорот за закуп.

Докази:

1. Барање за правото на закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост;

2. Копија од важечка лична карта или патна исправа на барателот;

3. Договор за закуп за кој се бара пренесување на корисничкото право;

4. Записник за воведување во владение;

5. Доказ за подмирена закупнина;

6. Потврда за бришење од Регистарот за вршители на земјоделска дејност;

7. Извод од матична книга на родени за лицето на кое се бара пренесување на корисничко право и копија од лична карта;

8. Доказ за упис во единствениот регистар на земјоделски стопанства или решение за регистриран вршител на земјоделска дејност;

9. Изјава за согласност од лицето на кое се бара пренесување на корисничкото право и

10. Доказ за сродство (извод на родени или извод на венчани).

Потребната документација се доставува во оригинал или во фотокопија заверена од нотар.

 



Постапка за воспоставување на право на службеност на земјоделско земјиште во државна сопственост

Услуга: Постапка за воспоставување на право на службеност на земјоделско земјиште во државна сопственост

Законски основ: Член 13 и 13-а од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13, 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16 и 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ 161/19 и 178/21)

Услови:

1. На земјоделско земјиште во државна сопственост може да се заснова право на стварна службеност по претходно поднесено барање од лицето кое е носител на правото на градење на објект од јавен интерес утврден со закон;

Докази:

1. Барање за засновање на право на стварна службеност на земјоделско земјиште во државна сопственост

2. Доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносител на барањето е физичко лице;

3. Податоци за земјоделското земјиште сопственост на Република Сееврна Македонија на кое се бара засновање на право на стварна службеност согласно со податоците за истото запишани во јавната книга на запишување на правата на недвижностите и податоците содржани во геодетскиот елаборат;

4. Доказ за правото на градење на објект од јавен интерес;

5. Геодетски елаборат за нумерички податоци изработен согласно со проектот за инфраструктура;

6. Уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното земјоделско земјиште во државна сопственост за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина и

- Процена од овластен проценител за вид и висина на надоместок од воспоставувањето на службеноста.

РОК: 30 дена од денот на приемот на барањето со потребната документација за издавање на решението



Согласност за поставување на објект или оранжерија

Услуга: Согласност за поставување на објект или оранжерија

Законски основ: Член 51-б од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13, 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16 и 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ 161/19 и 178/21).

Услови:

1. Барател може да биде сопственикот, односно закупецот на земјоделското земјиште во државна сопственост;

2. Согласност за градење на Оранжерии („Оранжерии“ се градби за произведување на примарни земјоделски производи од растително потекло во заштитен простор поставени на земјоделско земјиште, вклучително и за сместување на опрема за одржување, со контролирани услови за производство во заштитениот простор), помошни објекти („Помошни објекти“ се градби кои служат за засолнување на луѓе и добиток, за времено сместување на земјоделски производи со површина до 500 метри квадратни и максимална висина од 5,5 метри) или објект за примарна обработка на земјоделски производи на земјоделско земјиште („Објекти за примарна обработка на земјоделски производи“ се градби наменети за одгледување на добиток и риби, за ветеринарно здравство и здравствена заштита на луѓе, за сместување на опрема за одржување на квалитетот на водата и животната средина, лаборатории, за преработка на  примарни земјоделски и сточарски производи и риби, за сместување на опрема за следење на квалитетот и безбедноста на  примарните сточарски и земјоделски прозиводи и на производите добиени од нивна преработка, за сместување и одржување на земјоделска механизација, приклучна опрема и други превозни средства и опрема, настрешници, за складирање, оградување на објекти за примарна обработка на земјоделски производи, прием, чување и пакување на примарни земјоделски и сточарски прозиводи и храна за животни, за производство на вино, собирни центри за млеко, печурки и лековити растенија, кланички капацитети, пречистителни станици, за хидромелиоративни работи и градби наменети за уредување на земјоделското земјиште) може да се издаде само на сопственик или закупец на земјоделско земјиште во државна сопственост во површина од најмалку 0,2 хектари во регионот каде што се бара градење до кое има соодветна патна, комунална и електрична инфраструктура;

3. Согласност за градење на објекти за промоција на земјоделски производи („Објекти за промоција на земјоделски производи“ се градби за угостителство во кој се врши промоција на земјоделски производи произведени од земјоделска дејност со површина до 500 метри квадратни и максимална висина од 8 метри до хоризонтален венец) може да се издаде само на сопственик или закупец на земјоделско земјиште во државна сопственост во површина од најмалку 10 хектари во регионот каде што се бара градење до кое има соодветна патна, комунална и електрична инфраструктура;

4. Согласност за градење на објекти за спортско рекреативни активности („Објекти за спортско рекреативни активности” се градби во функција на вршење на спортски активности на државно земјоделско земјиште издадено под закуп пред 30 јуни 2019 година) може да се издаде само закупец на земјоделско земјиште во државна сопственост во површина од најмалку 10 хектари во регионот каде што се бара градење до кое има соодветна патна, комунална и електрична инфраструктура;

5. Согласност за градење на објекти (градби наменети за физичко обезбедување на објекти за примарна обработка на земјоделски производи, за администрација поврзана со замјоделската дејност, продажен простор за прозиводите добиени од земјоделската дејност, за времено сместување, исхрана, едукација, рекреација и продажба на производи за потребите на домаќинствата на лицата  ангажирани во производството на примарни и преработени земјоделски и сточарски производи за аутопсија на мртов добиток и крематориум за мртов добиток), може да се издаде само на сопственик или закупец на земјоделско земјиште во државна сопственост во површина од најмалку 1.000 хектари во регионот каде што се бара градење до кое има соодветна патна, комунална и електрична инфраструктура.

Докази:

1. Барање за издавање согласност од Министерството за градење на помошни објекти, оранжерија, објекти за промоција на земјоделски производи, објекти за спортско рекреативни активности или објект за примарна обработка на земјоделски производи на земјоделско земјиште

2.Доказ за сопственост на земјоделско земјиште (имотен или поседовен лист со прилог правосилна судска одлука или правосилен акт од државен орган на управата или нотарски акт или правосилен акт за стекнување на право на сопственост во извршна постапка) или договор за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост со записник за воведување во владение;

2.Основен проект за објектот за кој е извршена ревизија;

3.Копие од катастарски план за катастарската парцела на која треба да се гради објектот;

4.Доказ дека земјоделското земјиште не се наоѓа во границите на градежен опфат.

 

 

Потребната документација се доставува во оригинал или во фотокопија заверена од нотар.

 

 

РОК: 30 дена од денот на приемот на барањето со потребната документација за издавање на решението.

 



Стекнатото право на плодоуживање кое со договор се трансформира во право на закуп

Услуга: Стекнатото право на плодоуживање кое со договор се трансформира во право на закуп

Законски основ: Член 40 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13, 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16 и 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ 161/19 и 178/21)

Услов:

1.Барањето се поднесува најдоцна 30 дена пред истекувањето на договорот за плодоуживање.

Докази:

1. Барање за стекнатото право на плодоуживање кое со договор се трансформира во право на закуп

2. Фотокопија од важечка лична карта;

3. Договор за плодоуживање за кој се бара трансформација во право на закуп;

4. Записник за воведување во владение;

5. Геодетски елаборат;

6. Пограма за користење на земјиштето која содржи основни податоци за семејството, техничко -технолошка опременост, целта за која ќе го користи земјиштето и

7. Писмен доказ за упис во единствениот регистар на земјоделски стопанства или регистарот на вршители на земјоделска дејност.

Потребната документација се доставува во оригинал или во фотокопија заверена од нотар.

 

 



Укинување на изјавата за раскинување

Услуга: Укинување на изјавата за раскинување

Законски основ: Член 37-б од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13, 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16 и 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ 161/19 и 178/21)

Услови:

1. Договорот за закуп  да е раскинат согласно со членот 37-а од овој закон;

2. Да не е одземено владението и

3. Да е платена закупнина со казнена камата за задоцнето плаќање на закупнината и да е платен надоместокот на штета во висина на годишната закупнина за периодот за кој земјоделското земјиште го владееле без правен основ.

Докази:

1. Барање до Министерството за укинување на изјавата за раскинување на договорот за закуп;

2. Известување од Подрачната единица на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство каде се наоѓа земјиштето дека не е одземено владението на земјоделското земјиште предмет на договорот за закуп и

3. Потврда од Подрачната единица на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство каде се наоѓа земјиштето заедно со доказите за платена закупнина со казнена камата за задоцнето плаќање на закупнината и доказ за платен надоместок на штета во висина на годишната закупнина за периодот за кој земјоделското земјиште го владееле без правен основ.

РОК:30 дена од денот на приемот на барањето со потребната документација за издавање на решението.

 



Решение за упис во Регистaрот за производители на фитофармацевтски производи

Услуга: Решение за упис во Регистaрот за производители на фитофармацевтски производи

Законски основ: Согласно член 36 од Законот за Фитофармација („Службен весник на Република Северна Македонија“ 302/2020 и 274/2022

Докази: 

Барање за упис во регистарот на производители за фитофармацевстки производи:

1) решение и тековна состојба, забрана за вршење на професија дејност на правно лице, привремена забрана за вршење на одделна дејност – санкција, привремена забрана за вршење на одделна дејност – казна и трајна забрана за вршење на одделна дејност издадени од Централен регистар на Република Северна Македонија;
2) имотен лист за објектот доколку е сопственост на правното лице;
3) договор за користење под закуп на просторот наменет за производство и складирање, доколку просторот не е во сопственост на правното лице од ставот (1) на овој член;
4) доказ за ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, факултет за земјоделски науки и има стекнато минимум звање дипломиран земјоделски инженер или факултет за природноматематички науки и има стекнато минимум звање дипломиран хемиски инженер или технчко технолошки науки и има стекнато звање дипломиран инженер технолог;
5) М1/М2 обрасци за вработените лица;
6) доказ за платена административна такса;
7) доказ за вршење на дејност производство на хемикалии издадена од Министерство за здравство;
8) доказ за потребата од оцена на влијанието на проектот врз животната средина издадена согласно со прописите за животна средина;
9) интегрирана дозвола, издадена од согласно прописите од областа на животната средина и
10) план за отстранување на отпадот (опаковките, опаковски со содржина која има некој вид на неусогласеност и опаковки со количина на фитофармацевтски производ различен од она кое е назначено на пакувањето) за секој произведен производ одделно.

НАПОМЕНА: За оваа услуга се плаќа надоместок во висина од 9100.00 денари согласно Одлуката за висината на трошоција за економските оператори кои пласираат фитофармацевтски производи.

Решението се издава во рок од 60 дена од комплетноста на документите. 



Решение за упис во Регистaрот на економски оператори на фитофармацевтски производи

Услуга: Решение за упис во Регистaрот на економски оператори на фитофармацевтски производи 

Законски основ: Согласно член 38 и 39 од Законот за Фитофармација („Службен весник на Република Северна Македонија“ 302/2020 и 274/2023)

Докази: 

Барање за упис во регистарот на економски оператори на фитофармацевтски производи:

1) решение и тековна состојба, забрана за вршење на професија дејност на правно лице, привремена забрана за вршење на одделна дејност – санкција, привремена забрана за вршење на одделна дејност – казна и трајна забрана за вршење на одделна дејност издадени од Централен регистар на Република Северна Македонија;
2) имотен лист за објектот доколку е сопственост на правното лице;
3) договор за користење под закуп на просторот наменет за производство и складирање, доколку просторот не е во сопственост на правното лице од ставот (1) на овој член;
4) доказ за ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, факултет за земјоделски науки и има стекнато минимум звање дипломиран земјоделски инженер или факултет за природноматематички науки и има стекнато минимум звање дипломиран хемиски инженер или технчко технолошки науки и има стекнато звање дипломиран инженер технолог;
5) М1/М2 обрасци за вработените лица;
6) доказ за платена административна такса;
7) доказ за вршење на дејност производство на хемикалии издадена од Министерство за здравство;
8) доказ за потребата од оцена на влијанието на проектот врз животната средина издадена согласно со прописите за животна средина;
9) интегрирана дозвола, издадена од согласно прописите од областа на животната средина и
10) план за отстранување на отпадот (опаковките, опаковски со содржина која има некој вид на неусогласеност и опаковки со количина на фитофармацевтски производ различен од она кое е назначено на пакувањето) за секој произведен производ одделно.

НАПОМЕНА: За оваа услуга се плаќа надоместок во висина од 9100.00 денари согласно Одлуката за висината на трошоци за економските оператори кои пласираат фитофармацевтски производи. 

Решението се издава во рок од 60 дена од комплетноста на документите



Решение за ставање во промет на Фитофармацевтски производи

Услуга: Решение за ставање во промет на Фитофармацевтски производи

Законски основ: Согласно член 18 од Законот за Фитофармација („Службен весник на Република Северна Македонија“ 302/2020 и 274/2024)

Докази: 

Барање за авторизација за ставање во промет на фитофармацевстки производи:

1) досие и краток извадок од досие за фитофармацевтскиот производ;
2) досие и краток извадок од досие за секоја активна супстанца, антидот и синергист кој ги содржи фитофармацевтскиот производ;
3) за секој тест или студија спроведена врз 'рбетници доказ за преземените мерки за да се избегне тестирање врз животните и дуплирање на тестови и студии врз 'рбетници;
4) причини поради кои се спроведени тестови и/или студии неопходни при првата регистрација или измена на регистрација на фитофармацевсткиот производ;
5) информации за максималното ниво на резидуи, ако е релевантно или причини поради кои таквите информации не се доставени;
6) евалуација на сите доставени податоци, ако тоа е релевантно за измена и дополнување на авторизацијата;
7) копија од лиценцата за авторизација издадена од страна на референтната земјачленка на Европската Унија, како и официјален превод на авторизацијата на македонски јазик и кирилско писмо;
8) изјава од производителот и подносителот на барањето со која се потврдува дека фитофармацевтскиот производ е еквивалент со регистрираниот фитофармацевтски производ од страна на референтната земја-членка на Европската Унија;
9) ако авторизацијата на фитофармацевтски производ во референтната држава е направена врз основа на согласност за пристап кон документација, тогаш мора да се приложи и оригинално потпишана согласност за пристап кон документацијата во Република Северна Македонија;
10) предлог – етикета на македонски јазик и кирилско писмо која во целост одговара со дизајн и содржина на фитофармацевтскиот производ со првата регистрација за сите големини од актот за регистрација референтната земја на Европската Унија од која се спроведува авторизацијата во Република Северна Македонија;
11) по исклучок од точката 10) од овој став може да се достави и изјава од производителот за потврда на дизајн и содржина на фитофармацевтски производ за ставање во промет во Република Северна Македонија;
12) безбедносно – технички лист за транспорт и складирање на фитофармацевтскиот производ и
13) план за отстранување на пакувањата, опаковките и не искористените фитофармацевтски производи.

НАПОМЕНА: За услугата се наплатува од 51.045 до 92160 денари во зависност од бројот на повторувањата на евалуациите согласно Одлуката за висината на трошоците за работа на Стручната комисија

Решението се издава во рок од 60 дена од комплетноста на документите



Решение за упис во листата на Ѓубриња, биостиумулатори и подобрувачи на својствата на почвата

Услуга: Решение за упис во листата на Ѓубриња, биостиумулатори и подобрувачи на својствата на почвата

Законски основ: Согласно член 20 Закон за ѓубриња, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 154/15 и 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 150/21)

Докази: 

Барање за упис во листа на ѓубриња, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата:                                                                                                                                 

1) Aнализа од акредитирана лабораторија и                                                                                                                 

2) Стручно мислење 




Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици