Успешно завршен состанок на Националната мрежа за управување со пожари на ниво на предел во Северна Македонија

03.04.2025 11:50:00


Националната мрежа за управување со пожари на ниво на предел во Северна Македонија успешно го заврши својот дводневен стратешки состанок одржан на 01-02 Април 2025 година во хотел Романтик во Велес. На состанокот се собраа клучни чинители кои имаа за цел да ја разгледаат и развијат Нацрт верзијата за Стратегијата за адаптивно управување со пожари на ниво на предел и соодветниот Акциски план за државата.

Состанокот беше организирана од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во соработка со Регионалниот центар за следење на шумски пожари, координирана од ФАРМАХЕМ, поддржана и финансирана од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка.

Воведни обраќања одржа Цветан Николовски, тим лидер на Програмата за управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан, нагласувајќи ја важноста на соработката во пристапот кон управувањето со пожарите, и се заблагодари на Националната мрежа за управување со пожари на ниво на предел за континуирана соработка и поддршка во имплементација на активностите на програмата.

Во текот на првиот ден, Бојан Михајловски, национален соработник на програмата за Северна Македонија, ја презентираше нацрт-Стратегијата за адаптивно управување со пожари на ниво на предел, по што следеа продуктивни дискусии. Д-р Александар Караев го водеше воведот во процесот на развој на Акцискиот план, по што учесниците се вклучија во интерактивни сесии за работа во групи.

Вториот ден беше посветен на презентирање и усовршување на резултатите од групната работа, кулминирајќи со финализирање и консолидација на Акцискиот план преку активен партиципативен пристап кој ги вклучуваше сите присутни.

Работилницата успешно ги постигна своите клучни цели за разгледување на нацрт-Стратегијата со фокус на визијата и главните цели, развивање на сеопфатен Акциски план и создавање на Национална стратегија базирана на резултати, произлезена од заедничките напори на Националната мрежа за управување со пожари на ниво на предел.

Програмата за управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан претставува значаен чекор напред во воспоставувањето координиран и ефективен пристап кон управувањето со пожарите низ Северна Македонија, одговарајќи на зголемените предизвици предизвикани од климатските промени.

2025

<

Април

>

Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици