Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски беше во Прилеп каде што се информираше за состојбата околу дефектот на водоводната цевка на локацијата Сариха.
„Станува збор за сериозен проблем на цевководот со димензии Ф764мм, каде што мора да се замени сегмент од 16 метри. Знам дека теренот е непристапен и дека работите се усложени, но дефектот ќе биде саниран во најбрз можен рок“, истакна министерот.
Министерот Трипуновски додаде дека овој систем е клучен за земјоделците бидејќи обезбедува вода за наводнување на 200 хектари, од кои 180 хектари се наменети за тутун. Веќе се преземаат сите потребни мерки за брза санација на проблемот.