Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Органи во состав

Управа за водостопанство

Директор: Ромео Тренов

е-маил:

тел: 

Управата за водостопанство е орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, надлежен за активностите и дејностите на изградба, користење, експлоатација и одржување на хидросистемите, хидромелиоративните системи и системите за наводнување и одводнување.

 

Управата за водостопанство е надлежна за креирање на политики, планирање на развојот на водостопанската дејност за наводнување и одводнување, реализација на проекти за изградба, реконструкција и модернизација на водостопански објекти и стручен надзор над работењето на вршителите на водостопанската дејност за наводнување и одводнување.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Управата за водостопанство е надлежен орган за споведување на Законот за водостопанство (Службен весник на РМ бр.51/15, 193/15 и 189/16) .

Во рамките на своите надлежности Управата за водостопанство ги врши следните активности:

- Изготвување на предлог закони и други прописи;

- Планирање на развојот на водостопанство – наводнување и одводнување преку изработка на плански и развојни документи за изградба, реконструкција и модернизација на системите за наводнување и одводнување;

- Анализа на искористување на водите и водостопанските објекти за наводнување;

- Изготвување на програми за финансирање на одржување, изградба, реконструкција, модернизација на водостопанските објекти и инфраструктура за наводнување и одводнување;

- Реализација на проекти и инвестиции за изградба, реконструкција и модернизација на водостопански објекти за наводнување и одводнување финансирани од буџетски средства, преку Програмата за водостопанство како што се:

Изградба на брана Конско

Изградба на брана Речани

Изградба на ХМС Равен-Речица

Изградба на систем за наводнување Колибари

Реконструкција на систем за наводнување Дебарско Поле

Реконструкција на канал за наводнување Зајас

Изработка на техничка документација за брана “Слупчанска Река“’

Изработка на техничка документација за мал систем за наводнување во Општина Сарај

Изработка на геодетски елаборати за геодетски работи за посебни намени за запишување на водостопанските објекти за наводнување и одводнување во катастарот за инфраструктурни објекти во Агенцијата за катастар на недвижности;

- Координирање на работите на реализација на проекти од областа на водостопанство - наводнување и одводнување финансирани од меѓународни финансиски институции како што се:

Програма за наводнување на Јужна долина на Вардар

Програма за наводнување на Северна Македонија, што опфаќа изградба на 4 системи за наводнување (Лисиче, Страиште, Конско и Пепелиште).

Проект “Мали, нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување, финансиран од Инструментот за претпристапна помош на Европската комисија, што опфаќа изградба на 7 мали системи за наводнување (Славишко Поле, Чаушица, Теарце, Пишица, Конопница, Сопот и Новаци);

- Учествo во работата на работни групи во рамките на билатерална и мултилатерална соработка од областа на водостопанството;

- Учество во работата на меѓуресорски групи од областа на управување со водите;

- Учество во работа на меѓусекторски групи во министерството;

- Стручен надзор над работењето на АД Водостопанство, согласно  надлежностите кои произлегуваат од Законот за водостопанство; и

- Изготвување информации, извештаи, анализи, мислења и други документи поврзани со управување на водите.

За спроведување на надлежности работењето на Управата за водостопанство е организирано во 3 сектори:

1.Сектор за планирање и развој на водостопанството

- Одделение за анализа и планирање на водостопанството

- Одделение за развој на водостопанството

2. Сектор за користење на водите и водостопанските објекти

- Одделение за користење на водите и водостопанските објекти

- Одделение за водостопанства и водни заедници

3. Сектор за инвестиции и управување со проекти

- Одделение за инвестиции

- Одделение за следење на проекти

Директор: Игор Чоневски

 

е-маил: 

 

мобилен: +38970219996

 

Фитосанитарната управа е орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одговорен за креирање на политиките и законската рамка од областа на здравјето на растенијата, производите за заштита на растенијата и ѓубривата, биостимулаторите и подобрувачите на својствата на почвата. Фитосанитарната управа е одговорна и за спроведување на меѓународните конвенции, спогодби и договори од областа на фитосанитарнатра политика кои ги ратификувала Република Северна Македонија, проширување и одржување на Фитосанитарниот информациси систем.

 

Фитосанитарната управа има за цел да обезбеди одржлива национална рамка за креирање на политика за заштита од појава на штетни организми и болести кај растенијата и растителните производи, како и да се минимизираат негативните ефекти од истите, да се обезбеди одржлива употреба на производите за заштита на растенијата и ѓубривата, биостимулаторите и подобрувачите на својствата на почвата. Оттука, поставување и спроведување на ефикасни политики и законодавство во областа на фитосанитарната политика за зголемување на конкурентност и реструктурирање на областа,  усогласување на националното законодавство со законската регулатива на ЕУ и создавање/градење/зајакнување на институционалниот и административен капацитет за спроведување на политика во областа се основните начела за работа на Фитосанитарната Управа.

Задачи и обврски на Фитосанитарната управа

 

- изготвување на законска рамка усогласена со релевантното ЕУ законодавство од фитосанитарната област односно во областа на здравје на растенија и производите за заштита на растенијата, вклучително и ѓубривата, биостимулаторите и подобрувачите на својствата на почвата,

 

- подготвување на годишни мониторинг програми од областа на здравјето на растенијата, производите за заштита на растенијата и резидуи од производи за заштита на растенијата во примарните земјоделски производи и ѓубриња, биостимулаторите и подобрувачите на својствата на почвата;

 

- давање на јавни овластувања и услуги од областа на здравјето на растенијата на научно-истражувачки институции за вршење на задачи кои произлегуваат од Законот за здравјето на растенијата;

 

- реализација на системот за пасоши на растенијата кај земјоделски и шумски видови посадочен материјал произведен во регистрираните расадници;

 

- ажурирање на статусот на здравје на растенија на територијата на РС Македонија

 

- одржлива употреба на производите за заштита на растенијата

 

- водење на регистри, евиденција и листи пропишани со законите од фитосанитарната област;

 

- регистрација, одобрување и пререгистрација на производи за заштита на растенијата;

 

- регистрација и одобрување на ѓубриња, биостимулаторите и подобрувачите на својствата на почвата и друго.

 

 

Фитосанитарната управа работи согласно следните закони:

 

- Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11, 69/13, 43/14, 158/14, 149/15, 39/16, 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 150/21), Законот за фитофармација (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.302/20), и

 

- Законот за квалитет и безбедност на ѓубриња, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата („Службен весник на Република Македонија" бр. 27/14,154/15, 39/16, и „Службен весник на Република Северна Македонија" бр. 150/21).

 

Исто така, секоја година Фитосанитарната управа ги донесуваат:

 

- Програмата за фитосанитарна политика, и

 

-  Програма за мониторинг на ѓубрива, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата

 

Фитосанитарната управа се состои од 3 (три сектори), и тоа:

 

Сектор за здравје на растенија- надлежен за следење на појавата од штетни организми кај земјоделките култури и шумските растенија на територијата на РСМ, орган за координација и размена на информации меѓу државните органи и тела областа на здравјето на растенијата.  Исто така, одговорен орган за спроведување на меѓународните конвенции, спогодби и договори од областа на здравјето на растенијата кои ги ратификувала РСМ.

Сектор за агрохемија- надлежен за спроведување на стручни и управни постапки од областа на фитофармацевстки производи, ѓубриња, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата како и за спроведување на стручни работи за водење на постапки на безбедност на храна кај примарни производители. Секторот е надлежна единица за спроведување на активности во областа на хемија и применета хемија. 

Сектор за фитосанитарна регулатива и менаџмент- координирање на активностите за фитосанитарна регулатива на ниво на фитосанитарниот систем, ги следи европските законските прописи од областа на производите за заштита на растенијата, ѓубрињата и заштитата на здравјето на растенијата и нивната усогласеност со ЕУ, учествува во работата на телата на Владата кога за тоа е овластен, предлага и ја координира работата за изготвување и реализација на фитосанитарната програма, проекти, како и мониторинг програмите кои се во надлежност на Фитосанитарната управа, одговорен е за воспоставување и управување со Фитосанитарниот информативен систем, ги координира работите поврзани со регистрите во надлежност на Фитосанитарната управа, дава совети за управни правни работи на ниво на управата, особено на управна постапка од прв степен, подготвува мислења за базата на податоци за фитосанитарната политика, врши преводи на материјали и на подготвени мислења за законските прописи од областа на фитосанитарна политика, како и други активности кои се потребни и поврзани со фитосанитарните политики и фитосанитарниот систем.

За EXIM корисници

Со EXIM системот се овозможува електронски да се поднесе барање за издавање на дозволи за увоз од страна на економски оператор до Фитосанитарната управа и електронско издавање на дозволите од страна на Фитосанитарна управа. Со исполнување на условите и правилата за регистрација кои се поместени на веб страната www.exim.gov.mk (линк до почетната страница на EXIM), економските оператори можат електронски преку истиот линк да поднесат барање за дозволите кои се во надлежност на Фитосанитарна управа.

 

Фитосанитарна управа ја издава следната дозвола:

 

Р.Б Шифра Име на дозвола Постапка Износ на АТ ( во денари) Други надоместоци ДН (да/не) Рок на одговор (во денови) Рок на важност (во денови) Забелешка
1 I002 Барање за издавање на одобрение за увоз на производи за заштита на растенијата увоз 1000 не 15 60 нема

 

Регулатива за примена на EXIM

a.    Закон за Производи за заштита на растенија
b.    Одлука за распоредување на стоките на форми на увоз и извоз
c.    Упатство за користење на EXIM систем за оператори – Превземи
d.    Упатство за уплата на административни такси - Превземи

 

Обрасци за поднесување на барања за дозвола во хартиена процедура

a.    Барање за лиценца I002 - Превземи

 

Статистика

a.    Квартален извештај за период октомври - декември 2012 - Превземи

б.    Квартален извештај за период јануари - март 2013 - Превземи

в.    Квартален извештај за период април - јуни 2013 - Превземи

 

 

Корисничка поддршка

Административна поддршка
Александар Диље, aleksandar.dilje@mzsv.gov.mk
Техничка поддршка
Фросина Тончевска, frosina.toncevska@mzsv.gov.mk

Мисија

Државната фитосанитарна лабораторија (ДФЛ) обезбедува напредни и квалитетни лабораториски услуги за дијагностицирање и детерминирање на штетни организми, биолошки тестирања, испитување на физички и хемиски својства на производите за заштита на растенијата, резидуи од пестициди во растително производство, анализа на активна супстанца, анализа на семенски и саден материјал, земање примероци од семе и параметри за одредување на квалитет на земјоделски производи.

Надлежности

Надлежностите на Државната фитосанитарна лабораторија се определени согласно член 78 од  Закон за здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ бр.29/2005, 81/2008, 20/2009, 57/2010, 17/2011, 148/2011, 69/13, 43/14, 158/14, 149/15 и 39/16) и член 60-а од Закон за семенски и саден материјал за земјоделски растенија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 39/06, 89/08, 171/10, 53/11, 69/13, 187/13, 43/14, 129/15 и 39/16).

Директор на ДФЛ е проф. д-р. Сузана Јордановска назначен од Влада на Република Македонија.

Организација на Државна фитосанитарна лабораторија

 Државна фитосанитарна лабораторијата е организирана во три сектори:

  • Сектор за растителни болести и штетни организми

 Во Секторот за растителни болести и штетни организми се вршат специјализирани лабора­то­риски испитувања на растенија, растителни производи и други објекти за дијагно­сти­ци­рање и детерминирање на растителни болести и штетни организми. Статутарните надлежности се лабораториски испитувања согласно усвоени меѓународни и EPPO протоколи.

 Во секторот има две одделенија:

  • Одделение за растителни болести

- Лабораторија за вирусологија

- Лабораторија за бактериологија

- Лабораторија за микологија

- Лабораторија за молекуларна дијагностика

  • Одделение за штетни организми

- Лабораторија за нематологија

- Лабораторија за ентомологија

 

  • Сектор за испитување на семе, саден материјал и сортна чистота

 Секторот за испитување на семе, саден материјал и сортна чистота извршува кон­тро­ли за квалитет (чистота, ’ртност, влага и маса на 1000 зрна семе) согласно Закон за семенски и саден материјал за земјоделски растенија и подзаконските акти кои произлегуваат од истиот, усогласени со Интернационалните правила за тестирање на семето (ISTA).

По извршените анализи за испитување на квалитетот на семенскиот и  саден материјал согласно добиена акредитација, Државна фитосанитарна лабораторија издава „Сертификат за квалитетот на семето на земјоделски растенија“.

 Во секторот се вклучени две одделенија:

 

  • Одделение за испитување на семе, саден материјал и сортна чистота

-   Просторија за припрема на примероците за анализа

- Лабораторија за испитување на влага на семе и квалитет на земјоделски   производи

- Лабораторија за ’ртност, влага АМ, ТТ-тест и квалитет на земјоделски   производи

-  Просторија за чување на анализирани мостри семе до 1 година

  • Одделение за административно техничка поддршка

Одделението за административно техничка поддршка има функција од административен и техничко-оперативен карактер во врска со активностите на ДФЛ и обезбедува административна под­др­шка на дирек­торот на ДФЛ (сметководство, комуникација, организација,  итн.)

  • Сектор за аналитичка хемија и анализа на ѓубриња

 Секторот за аналитичка хемија и анализа на ѓубриња реализира активности во лабораторијата за контрола на квалитетот на производите за заштита на растенија и одредување резидуи од пестициди во примарното земјоделско производство.

Статутарните надлежности на секторот се определени согласно барањата на ЕУ Директивата 91/414 и ЕУ Директивата 788-2012 и вклучуваат:

 - испитување на содржината на активна супстанца во производите за заштита на растенија

- определување резидуи од пестициди во храна од растително потекло

 Во секторот се вклучени две одделенија:

  • Одделение за аналитичка хемија

-  Припремна просторија за пестицидни формулации (ПЗР)

- Лабораторија за контаминенти и резидуи од пестициди, лабораторија за вино и контрола на квалитет

  • Одделение за анализа на ѓубриња

 Услуги кои се бараат и добиваат од државната фитосанитарна лабораторија

  • Сектор за растителни болести и штетни организми

 Утврдување на здравствената состојба на растенијата и дијагностика на вируси, бактерии, габи, фитоплазми, нематоди и инсекти на донесен примерок од: 

- Семенски и меркантилен компир
- Овошни видови и винова лоза
- Градинарски култури одгледувани на отворено и во затворен простор
- Тутун и други индустриски растенија
- Житни растенија
- Фуражни растенија
- Маслодајни растенија

- Украсни растенија

- Шумски растенија

- Дрвен материјал

- Почва

- Семе и саден материјал

Во 2018 година зајакнати се капацитетите на ДФЛ со набавка на нова софистицирана опрема (Real Time PCR, систем за електрофореза, вортекс - мешалка, бинокуларен стерео микроскоп со камера за лабораторија за ентомологија, бинокуларен стерео микроскоп со камера за лабораторија за нематологија, техничка вага и автоматски пипетори со променлив волумен) согласно барањата на новите EPPO протоколи, за спроведување на годишните програми за мониторинг на PD и FVA, редовни контроли на BIP од страна на инспекциските служби, приватни оператори со земјоделски производи и нивна обработка и контрола на квалитетот на семенскиот материјал на земјоделски растенија.

 Сектор за семе, саден материјал и сортна чистота

- Испитување на квалитетот на семето кај земјоделски растенија - аналитичка чистота на семе (%), влага во семе (%), `ртност на семе (%) и маса на 1000 зрна семе (gr)

- Биохемиско испитување на виталноста на семето (топографски  тетразол тест)

- Пресметковна процедура за одредување содржина на сок,  растворливи суви материи со рефрактометар во Brix°, маса изразена во (g), пречник изразен во милиметри (mm) и цврстина изразена во килограми (kg)

- Метод за определување на процентот на влага, протеини, влажен глутен во брашно, одредување на влага, протеини, седиментација по Zeleny во семе од житарки, определување на протеини и влага во ориз, определување содржина на масла, протеини и влага (на мелени зрна и на цели зрна) во пченка, определување на протеини и влага во сточен грашок, определување на масла и влага во маслодајна репа, определување на протеини, влага и  масла  во соја со FOSS Infratec1241 Denmark

-  Определување на густина на големо изразена во хектолитарска маса во житарки

- Стандарден метод за одредување на материи, со исклучок на основни жита со неоштетен квалитет

  • Сектор за аналитичка хемија и анализа на ѓубриња

-       Анализа на активна супстанца во производи за заштита на растенијата HPLC/DAD и GC/FID

-       Детекција и квантификација на над 400 резидуи од пестициди во храна од растително потекло (овошје, зеленчук, нивни преработки, вино, бебешка храна) анализирани со LC/MS/MS и GC/MS/MS

-       Детекција и квантификација на остатоци од поларни пестициди во храна од растително потекло - glyphosate, поединечни методи (singlе methods) LC/MS/MS и GC/MS/MS

-       Анализа на резидуи од дитикарбамати во храна од растително потекло

-       Анализа на микотоксини во житарки, брашно и сточна храна

-       Определување на параметри во вино, производи од грозје и винo со FOSS WINESCAN SO2 анлизатор и тоа:

  • Параметри за анализа на вино: вкупни полифеноли, глицерол, глуконска киселина, сорбинска киселина, CO2, лимонска киселина, глукоза, фруктоза, редуцирачки шеќер, испарливи киселини, млечна киселина, винска киселина, густина, вкупни киселини, етанол, јаболкова киселина, pH,  глукоза/фруктоза, глукоза во полусуво вино, фруктоза  во полусуво вино, глукоза/фруктоза  во полусуво вино, редуцирачки шеќери  во полусуво вино, абсорбанца 420 nm, абсорбанца 520 nm, абсорбанца 620 nm, слободен сулфур диоксид, вкупен сулфур диоксид и вкупна киселост
  • Параметри за анализа на вино во ферментација: јаболкова киселина, испарливи киселини, pH, редуцирачки шеќери, вкупни кислеини, густина, CO2, глукоза/ фруктоза и етанол
  • Параметри за анализа на шира: глукоза/фруктоза, brix, густина, вкупни киселини, испарливи киселини, винска киселина, јаболкова киселина, pH, екстракт, редуцирачки шеќер, фруктоза, глукоза, амонијак, алфа амино азот, калиум, глуконска киселина, етанол, глицерол, млечна киселина, Grey Rot (A), Grey Rot (B), Acid Rot, ферментативна активност и Lactic Rot

-          Анализа на биогени амини во вино LC/MS/MS

-          Анализа на органски киселини во вино HPLC/DAD

-          Анализа на макро и микро елемнти во вино со ICP/MS: Be, Cr, Cu, Ba, Th, Co, Tl, Na, Mn, Zn, Ce, K, Ni, In, Mg, Fe, As, Hg, Ca, Cd, Pb

-          Анализа на слободен сулфур диоксид, вкупен сулфур диоксид, вкупна киселост (како винска киселина), редуцирачки шеќер, определување на pH

-          Анализа на охратоксин А

-          Анализа на вкупни афлатоксини

-          Анализа на патулин

-          Анализа на нитрати во зеленчук

-          Определување содржина на сирови влакна - метод на одредување и пресметување по  Кürschner-Hanak

-          Определување содржина на азот – дел 1: метод по Кjeldahl (автоматски Gerhard систем)

-          Определување содржина на масти по Soxhlet

-          Определување содржина на редуцирачки и вкупни шеќери

-          Определување содржина на сол – дел 1: определување содржина на натриум хлорид

-          Анализа на ѓубриња, oпределување на вкупен, амонијачен и нитратен азот со автоматски Gerhard систем

-          Анализа на макро и микро елементи во ѓубриња со ICP/MS: Be, Cr, Cu, Ba, Th, Co, Tl, Na, Mn, Zn, Ce, K, Ni, In, Mg, Fe, As, Hg, Ca, Cd, Pb

 Специфичност на ДФЛ

ДФЛ како орган во состав на МЗШВ извршува специфични дијагностички испитувања за утврдување на здравјето на растенијата, лабораториски анализи за квалитетот на семенскиот и саден материјал и хемиски тестирања на квалитетот на фитофармацевските производи кои се користат во земјоделскиот сектор, како и контрола на содржината на резидуи од пестициди.  Дијагностиката и аналитиката во сите одделенија на лабораторијата се изведува согласно усвоени европски и меѓународни дијагностички ISO, OIV, ISTA, CIPAC методи и EPPO протоколи за работа во соодветната област. ДФЛ обезбедува услуги за потребите на МЗШВ, субјектите во фитосанитарниот систем, компании во приватна сопственост (со основна дејност производство, откуп, дистрибуција и ставање во трговија) и целокупниот земјоделски сектор.

ДФЛ реализира блиска соработка со Управата за семе и саден материјал (УССМ) преку учество во сертификација на семенскиот материјал и издавање на сертификати за испитан квалитет согласно Закон за семенски и саден материјал за земјоделски растенија („Службен весник на Република Македонија“ бр.39/06, 89/08, 171/10, 53/11, 69/13, 187/13  43/14, 129/15, 39/16 и 71/16) и членство во работни групи за изработка на законски и подзаконски акти. Изготвените мониторинг програми (МП) од Фитосанитарната управа (ФУ) се реализираат во соработка со Државен инспекторат за земјоделство (ДИЗ), каде ДФЛ е имплементатор  извршувајќи лабораториски анализи според акредитирани методи. ДФЛ како акредитирана лабораторија согласно МКС ISO/IEC 17025:2006 со вкупно 145 акредитирани методи е препознатлива како реализатор на мониторинг програмата за контрола на резидуи од пестициди во храна од растително потекло од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Факултет за ветеринарна медицина - Скопје (ФВМС), приватни компании, откупувачи и дистрибутери.

За извршените анализи ДФЛ издава извештаи и сертификати со наод  и ја надополнува дејноста на УССМ и ФУ.

ДФЛ е важна алка во синџирот на одредувањето на здравјето на растенијата и заштитата од болести и штетници извршувајќи задачи и обврски во рамките на МЗШВ, согласно Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/2000, 44/2002, 82/2008, 167/10 и 51/11).

Како акредитирана лабораторија, ДФЛ ја олеснува контролата како за домашните производители така и за оние извозно ориентирани.

Акредитација на ДФЛ

 

Државната фитосанитарна лабораторија од 15 март 2013 е акредитирана лабораторија согласно стандардот за компетентност на лаборатории за тестирање и калибрација МКС ISO/IEC 17025:2006. Акредитирани се вкупно 145 методи од кои 55 во Сектор за аналитичка хемија и анализа на ѓубриња, 64 методи во Сектор за растителни болести и штетни организми и 26 методи во Сектор за испитување на семе, саден материјал и сортна чистота. Методата за анализа на активна супстанца во производи за заштита на растенија е акредитирана со флексибилен опсег, а останатите методи се акредититирани со фиксен опсег. Во 2017 година ДФЛ се стекна со сертификат за реакредитација. На последната надзорна посета од страна на Институт за акредитација на Република Македонија, ДФЛ е оценета како лабораторија во постојан развоен процес во подобрувањето на системот за управување со квалитет и имплементирањето на нови напредни методи во сите области на дијагностицирање, со тенденција на зголемување на бројот на акредитирани методи.

Државна фитосанитарна лабораторија како орган во состав на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство го има имплементирано и стандардот за систем на управување со квалитет ISO 9001:2015.

 

Директор

проф. д-р. Сузана Јордановска

Управа за семе и саден материјал

Директор: Љутви Акики

е-маил: ljutvi.akiki@mzsv.gov.mk

Тел: 071 363 094

 

Управата за семе и саден материјал (УССМ) е орган во рамките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) одговорна за креирање на националната политика и законодавство во областа на семенски и саден материјал. Со Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија″ бр.58/2000) е формира УССМ, кој е раководена од директор  назначен од Владата на Република Северна Македонија.

    Во моментов е надлежна за два закони и 40 подзаконски акти кои произлегуваат од нив:

-    Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија („Службен весник на Република Македонија″ бр.39/06, 89/08, 171/10, 53/11, 69/13, 187/13, 43/14, 129/15, 39/16, 71/16, 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 122/21)  и

-    Законот за селекционерски права („Службен весник на Република Македонија бр. 52/09 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 122/21).

 

УССМ согласно националното законодавство е надлежна да:

- Креира и предлага политики од областа на семенскиот и садниот материјал;

- Изработува и предлага подзаконски акти кои произлегуваат од Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија и Законот за селекционерски права и нивно усогласување со законодавството на Европската Унија;

- Регистрира правни лица – снабдувачи за производство, подготовка за пазар, трговија и увоз-извоз на семенски и саден материјал на земјоделски растенија и електронски го води регистарот;

- Организира производство и сертифицикација на семенски и саден материјал преку издавање на конечни сертификат и официјални етикети за сертифициран семенски и саден материјал од земјоделски растенија;

- Води евиденција на пријавени посеани површини со семенски материјал од житни растенија фуражни, градинарски, маслодајни, влакнодајни растенија, репа, компир, тутун, украсни растенија и расад од градинарски растенија и насадени површини со саден материјал од овошни растенија и винова лоза;

- Организира постконтрола на семенски материјал кој е пуштен во трговија кај овластени лица за постконтрола на семе;

- Спроведува постапка за признавање и запишување на сорти во Национална сортна листа и нивно објавување во Службен весник на Република Северна Македонија;

- Продолжување за запишување на сорти од земјоделски растенија во Национална сортна листа и бришење на сорти од земјоделски растенија од Национална сортна листа

- Донесува решение за доделување на селекционерско право по поднесена пријава од страна на селекционер и доставените резултати за сортата;

- Организира чување и одржување на семенски и саден материјал во Ген Банките;

- Спроведува контрола над работата на овластените правни лица и овластените лаборатории во делот на спроведување на активностите за што добиле овластување од страна на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство 

- Изработка на решение за исплата на реализирани активности од јавни овластувања и членство во Македонија во меѓународни организаци  UPOV и ECPGR;

- УССМ ја застапува Република Северна Македонија пред меѓународните органи и организации од областа на семето и садниот материјал (UPOV, ECPGR).

 

УССМ има 2 (два) сектори:

- Сектор за производство, сертификација, контрола и пост контрола на семенски и саден материјал

- Сектор за признавање, одобрување и заштита на сорти

 

1. Сектор за производство, сертификација, контрола и пост контрола на семенски и саден материјал ја спроведува постапката за запишување на правни лица во регистарот на снабдувачи на семенски и саден материјал од областа на производство, подготовка за трговија, увоз-извоз и трговија на семенски и саден материјал од земјоделски растенија. Овој регистар на снабдувачи се води електронски во УССМ. Секторот го организира производството на сертифициран семенски и саден материјал од земјоделски растенија и издава конечен сертификат и официјални етикети за сертифициран семенски и саден материјал, како и евиденција на пријавените површини и количините на произведен сертифициран семенски и саден материјал.  Исто така ја организира постапката за постконтрола на семе во опитни полиња на партии на семе произведен во Република Северна Македонија и увезени партии на семе за понатамошно размножување во нашата држава.

 

2. Сектор за признавање, одобрување и заштита на сорти го организира признавањето на сорти од семенски и саден материја и ја спроведува постапката за запишување на сорти во национална сортна листа и ја ажурира националната сортна листа. Секторот го доделува селекционерското право согласно законот и подзаконските акти за пријавување, доделување, поништување и продолжување на селекционерско право. Исто така ја организира постапката за  чување и одржување на референтни примероци на семенски и саден материјал во ген банка и функионирање на ген банките.

Документи од Управа за семе и саден материјал

 

Објавени сорти во NSL ос 2008-2020 год.
Избришани сорти од NSL 2012-2020 год.
Закон за семенски и саден материјал (Прочистен текст)
Законот за селекционерски права
Измени на Правилник за трг. со сем. мат. од фуражни растенија и репа
Правилник за трг. со сем. мат. од фуражни растенија и репа
Измена на Правилник за запишување во регистерот на семенски и саден
Правилник за запишување во регистерот на семенски и саден
Измена на Правилник_за_трг_со_сем_мат_од_житни_растенија
Правилник_за_трг_со_сем_мат_од_житни_растенија
Правилник за кадровските и просторните за ОПЛ.
Измена на Правилник_за_трг_со_мат_од_маслодајни_и_влакнодајни_растенија
Правилник_за_трг_со_мат_од_маслодајни_и_влакондајни_растенија
Правилник_за-коли_на_сем-мат_потребни_за_испитување
Правилник за висината на трошоците 2
Правилник за висината на трошоците 1
Измени на Правилник за трговија со сем. материјал од градинарски растенија
Правилник за трговија со сем. материјал од градинарски растенија
Овластени лаборатории и методи за испитување на квалитет на семен. материјал
Правилник за начинот на земање на мостри
Измени на Правилник за трговија со семенски материјал од тутун
Правилник за трговија со семенски материјал од тутун
Правилник за трговија со саден материјал-расад од градинарски растенија
Правилник за посебна увозна дозвола
Правилник за трговија со семенски компир
Правилник за постапките и методите за испитување на сортата VCU-ПРИЈАВА
Правилник за запишување на сортата во национална сортна листа
Документи од Управа за семе и саден материјал
Правилник _DUS-TEST
 Измени на Правилник за продолжување на сортата
Правилник за продолжување на сортата
Измена на Правилник за трговија со овошен материјал за размножување
Правилник за трговија со овошен материал за расмножување
Правилник за формата и содржината на поканата
Правилник за трговија со материјал за вегетативно размножување на винова лоза
Правилник за количините, условите и начин за чување на референтни пример.
Правилник за лична употреба
Правилник за официјални етикети
Правилник за украсни
Правилник за висината на надомест. за издв. на контрол. марка етикета
Правилник за водење на контрол. марки- етикети
Правилник за издавање на контрол. марки- етикети
Правилник за извештај. на увз., продаден и остн. залиха ССМ
Правилник за увоз на семе на сорти во постапка на испитување
Правилник за автоктони сорти
Правилник за раб. на комис. за заштита на растителни родови и видови
Правилник за содрж. и постапка на пријавата и регистер.
Правилник за висината на трошоците за додел. на селекцонерско право
Пријава за доделување на селекционерско право
Уплатна сметка за Селекционеркси права
Национална сортна листа за сорти од житни, фуражни, маслодајни, влакнодајни и градинарски растенија
Национална сортна листа за сорти од житни, фуражни, маслодајни, влакнодајни и градинарски растенија
Национална сортна листа 2008-2022 -консолидирана

Директор - Васе Анакиев

Електронска пошта: vase.anakiev@diz.gov.mk


 

Во вршењето на работите од својата надлежност, инспекторот е овластен:

1. Да врши надзор над спроведувањето и извршувањето на законите и другите прописи од страна на: државните органи; јавните претпријатија; трговските друштва; установите; физичките и правните лица кои вршат дејност од областа на земјоделството;

2. Да врши надзор во прометот на: растенијата, производите; средствата и предметите и други работи определени со закон од областа на земјоделството;

3. Да врши преглед и контрола на: земјоделското земјиште, земјоделските посеви и насади, на евиденцијата за приплодниот и друг добиток, просториите каде што се врши преработка и доработка на земјоделски производи, опремата со која се врши таа преработка и доработка, процесот на преработка и доработка во сите фази се до финалниот производ, просториите за чување и одржување на земјоделските производи, зелен и сточен пазар, земјоделската техника, деловните простории, деловните книги, договорите, пописните листи како и на другата документација преку која се остварува увид во извршувањето на законите од областа на земјоделството и другите закони од страна на државните органи; јавните претпријатија; трговските друштва; установите; физичките и правните лица кои вршат дејност од областа на земјоделството;

4. Да врши надзор над вкупните количини производи од растително потекло, опфатени со сертификатот издаден од овластените правни лица и институциите;

5. Да врши преглед и контрола на царинските терминали, во однос на квалитетот на вештачките ѓубрива, добиточната храна, семенски и саден материјал.

6. Кога инспекторот ќе оцени дека растенијата, производите и репроматеријалите и друго од делокругот на работата на субјектите од државните органи; јавните претпријатија; трговските друштва; установите; физичките и правните лица кои вршат дејност од областа на земјоделството;  не одговараат на пропишаните услови, пропишаните стандарди и квалитет ќе земе потребен број мостри за анализа согласно со законот и ќе ги достави на овластена установа за анализа.

7. Ако при надзорот се констатира дека правното или физичкото лице, пуштило во промет растенија, производи, средства и предмети без соодветна документација, без потекло и со изминат рок, инспекторот е должен привремено да ги одземе растенијата, производите, средствата и предметите употребени за извршување на прекршокот, односно кривичното дело и да ги предаде на надлежниот суд.

8. Ако инспекторот утврди дека со сторениот прекршок или кривично дело е остварена противправна имотна корист или настанала штета, должен е во поднесеното барање за прекршочна постапка или кривично дело, да ја наведе висината на таа корист и да бара да се одземе од сторителот или да ја надомести штетата на оштетениот.

9. други надлежности.

За EXIM корисници

Со EXIM системот се овозможува електронски да се поднесе барање за издавање на дозволи за увоз од страна на економски оператор до Државниот инспекторат за земјоделство и електронско издавање на дозволите од страна на Државниот инспекторат за земјоделство.

Со исполнување на условите и правилата за регистрација кои се поместени на веб страната www.exim.gov.mk (линк до почетната страница на EXIM ), економските оператори можат електронски преку истиот линк да поднесат барање за дозволите кои се во надлежност на Државниот инспекторат за земјоделство.“

 

Дозволи кои се во надлежност на Државниот инспекторат за земјоделство

 

Р.Б Шифра Име на дозвола Документи потребни за издавање на дозволата Постапка Износ на АТ ( во денари) Други надоместоци ДН (да/не) Рок на одговор (во денови) Рок на важност (во денови) Забелешка
1 I005 Потврда за извршен органолептички преглед и земени мостри дозвола I005 увоз 100 да 15 30 еднократна дозвола
2 I009 Влезен документ за репродуктивни животни и приплоден материјал дозвола I009 увоз 100 да 15 30 еднократна дозвола


Регулатива за примена на EXIM

a.    Закон за Државен инспекторат за земјоделство - Превземи
b.    Упатство за користење на EXIM систем за лиценца I005 за оператори - Превземи

c.    Упатство за користење на EXIM систем за лиценца I009 за оператори - Превземи

d.    Упатство за уплата на административни такси - Превземи
e.    Упатство за уплата на дополнителни надоместоци - Превземи

 

Обрасци за поднесување на барања за дозвола во хартиена процедура

a.    Барање за лиценца I005 - Превземи
b.    Барање за лиценца I009

 

Статистика

a.    Квартален извештај за период октомври - декември 2012 - Превземи

б.    Квартален извештај за период јануари - март 2013 - Превземи

в.    Квартален извештај за период април - јуни 2013 - Превземи

г.     Квартален извештај за период јули - септември 2013 - Превземи

д.    Квартален извештај за период октомври - декември 2013 - Превземи

ѓ.    Квартален извештај за период јануари - март 2014 - Превземи

е.    Квартален извештај за период април - јуни 2014 - Превземи

ж.   Квартален извештај за период јули - септември 2014 - Превземи

з.    Квартален извештај за период октомври - декември 2014 - Превземи

ѕ.    Квартален извештај за период јануари - март 2015 - Превземи

и.    Квартален извештај за период април - јуни 2015 - Превземи

 

Со цел унапредување на функционалностите на ЕХИМ системот, согласно предвидената Активност од Акциониот план за реализација на препораките од Анализата на ЕХИМ и процесот на плаќање, Ве известуваме дека со одбирање на дадениот/овој документ овозможен ви е преглед на сите законски и подзаконски акти кои се поврзани со процесот на издавање на лиценците во надлежност на Државниот инспекторат за земјоделство, при постапките за увоз на пратки, а кои се издаваат на централно ниво во канцелариите на Државниот инспекторат за земјоделство, согласно погоре дадените упатства.

 

Корисничка поддршка
Административна поддршка

Контакт телефон: 02 3121 462
Нада Најдовска, nade.najdovska@mzsv.gov.mk 070403995
Техничка поддршка
Фросина Тончевска, frosina.toncevska@mzsv.gov.mk

Директор на Државен инспекторат за шумарство и ловство: Бејтула Камбери

Е-маил адреса: disl@mzsv.gov.mk

Државниот инспекторат за шумарство и ловство, врз основа на Законот за шумарска и ловна инспекција, врши инспекциски надзор над спроведувањето и примената на законите и другите прописи од страна на државните органи, јавните претпријатија, трговските друштва, установите, здруженијата на граѓани, правни и физички лица кои вршат дејност од областа на шумарството и ловството.

Со Законот за шумарска и ловна инспекција, се уредуват начелата на инспекцискиот надзор, надлежностите, организацијата на инспекцијата, положбата, правата и должностите на инспекторите, постапките на инспекцискиот надзор и други прашања поврзани со инспекцискиот надзор.

Со Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, се уредува што се смета за вршење на нерегистрирана дејност, исклучоците за тоа што не се смета за вршење на нерегистрирана дејност, соучесниците во вршењето на нерегистрирана дејност, надлежните органи за постапување при спречување и заштита од појавата на нерегистрирана дејност, инспекциски надзор над спроведувањето на овој закон, управните мерки за заштита, како и прекршочните одредби.

Работите од надлежност на шумарската и ловната инспекција се вршат преку Државниот инспекторат за шумарство и ловство , како орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со својство на правно лице, има сопствена буџетска  сметка  како  буџетски  корисник  од  прва  линија,  самостојно спроведува постапки за вработување и одлучува за правата и обврските од работен однос, согласно со законот.

Инспекторот е должен работите да ги врши совесно, стручно, ефикасно, уредно, навремено, политички неутрално и непристрасно.

Инспекторот е должен постојано да се оспособува за вршење на своите задачи во согласност со програмата за обука која ја донесува директорот на Инспекторатот.

Инспекторот не смее да врши работи, односно не смее да ги врши работите за друг работодавач од подрачјето на кое ги врши работите на инспекцискиот надзор, освен ако се работи за научна или едукативна дејност.

Инспекторот е должен да ја чува тајната со која се запознал при вршење на задачите од инспекцискиот надзор.

Инспекторот е должен да ја чува тајната за изворот на пријавата и изворот на други информации врз основа на кои го врши инспекцискиот надзор.

Спроведување и примена на законите и другите прописи од страна на државните органи, јавните претпријатија, трговските друштва, установите и здруженијата на граѓани, правни и физички лица кои вршат дејност од областа на шумарството и ловството.

Инспекторите се самостојни во вршење на задачите од инспекцискиот надзор во рамките на своите овластувања.

Инспекторите ги вршат задачите на инспекцискиот надзор со цел за заштитување на јавниот интерес, како и интересите на правните и физичките лица.

Инспекторите ја известуваат ја јавноста, за важноста за преземените мерки, доколку тоа е потребно да се заштитат правата на правните и физичките лица и во случај кога е потребно за обезбедување на почитување на правниот ред.

Инспекторите мора да ги вршат своите задачи така што при вршење на своите овластувања навлегуваат во работата на правните и физичките лица само во обем кој е неопходен за обезбедување на ефикасен инспекциски надзор.

При изборот на мерките, инспекторот ја зема предвид тежината на прекршувањето, изречува мерка која е поповолна за правното или физичкото лице кај кое инспекторот врши надзор доколку со тоа е постигната целта на прописот.

При одредувањето на рокот за отстранување на неправилностите и незаконитостите, инспекторот ја има во предвид тежината на прекршувањето, последиците за јавниот интерес и околностите од кои зависи за кое време лицето е должно да ги отстрани неправилностите.

Инспекциските надзори од страна на државните инспектори од областа на шумарството и ловството се со цел за постигнување на следните цели:

1. Tрајно да се сочува површината под шума, да се зголеми нивната вредност и да се обезбеди најголем прираст според природните услови на месторастењето и да се обезбеди одржливо управување, планирање, стопанисување со шумите и чување на шумите и шумското земјиште на начин и во обем со кој трајно се одржува и унапредува нивната производна способност, биолошка разновидност, способност за обнова и виталност во интерес на сегашниот и идниот развој на економските, еколошките и социјалните функции на шумата, притоа да не се наруши екосистемот.

2. Одгледување, заштита, ловење и користење на дивечот и неговите делови.

3. Признавањето на основниот материјал,производството, прометот и употребата на репродуктивниот материјал одшумски и декоративни видови дрвја.

4. Спречување и заштита завршење на нерегистрирана дејност на правни и физички лица.

Мени за пристапност