Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Давател на јавни услуги спроведување на мерки и активности од Програмата за заштита на биолошката разновидност во сточарството од 2025 до 2031 година за 2025 година

Институција која огласува: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Рок на пријавување: 26/04/2025

Врз основа на член 56 од Законот за зоотехника (,,Службен весник на РСМ” бр.87/23), Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство обjавува ЈАВЕН КОНКУРС за давател на јавни услуги спроведување на мерки и активности од Програмата за заштита на биолошката разновидност во сточарството од 2025 до 2031 година за 2025 година.

Право на учество на јавниот конкурс имаат овластени субјекти за вршење на јавната услуга  спроведување на мерки и активности од Програмата за заштита на биолошката разновидност во сточарството, кои ги исполнуваат општите услови од член 53 став 1 од Законот за зоотехника и посебните услови утврдени со Правилникот за поблиските услови за вршење на  одделна јавна услуга заштита на биолошката разновидност во сточарството, начинот на изведувањето и мониторингот на биолошката разновидност во сточарството и зачувувањето на генетската варијабилност и генетските резерви на добитокот („Службен весник на РМ“ бр.151/10).

ЈАВЕН КОНКУРС за давател на јавни услуги спроведување на мерки и активности од Програмата за заштита на биолошката разновидност во сточарството од 2025 до 2031 година за 2025 година

Мени за пристапност