Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Доделување на дивечот во ловиштата на користење во ловните реони Прилеп, Крива Паланка, Пробиштип, Македонски Брод, Гостивар, Тетово и Неготино

Институција која огласува: Комисија за спроведување на постапката за доделување на дивечот во ловиштата на користење

Рок на пријавување: 18/08/2025

Врз основа на член  37, став (1), член 40, став (3) од Законот за дивечот и ловството (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 263/23,170/24 и 132/25) и Одлука за распишување јавен повик бр.02-9487/1 од 14.07.2025 година, Комисја за спроведување на постапката за доделување на дивечот во ловиштата на користење, формирана со Решение за формирање бр. 50-9255/1 од 09.07.2025 година, објавува Јавен повик Бр.01/25 за доделување на дивечот во ловиштата на користење во ловните реони Прилеп, Крива Паланка, Пробиштип, Македонски Брод, Гостивар, Тетово и Неготино.

 

  1. Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни и странски правни лица регистрирани за дејност лов и траперство или општа клаузула за бизнис со регистрирана подружница во Република Северна Македонија за лов, траперство и соодветни услужни дејности, согласно со Законот за трговските друштва, Законот за здруженија и фондации и национална класификација на дејности и кои подигнале тендерска документација.
  2. За подигнување на Тендерска документација, заинтересираниот понудувач е должен  да уплати неповратни средства во висина од 2.000,00 (две илјади) денари.

 

 

Документи за превземање:

Мени за пристапност