Меѓународниот саем Ануга е најголем саем за прехранбени производи и пијалоци во светот. Се одржува на секои две години. Македонските компании, особено преработувачите на овошје и зеленчук, преку поддршката обезбедена од МЗШВ, традиционално настапуваат на саемот уште од 2001 година.
Ануга 2025 се одржува во периодот 04 – 08.10.2025, во Келн, Германија, учествуваат околу 8.000 учесници од 110 земји и се очекува посета од над 140.000 посетители. На овогодишната Ануга 9 домашни преработувачи настапуваат на националниот штанд сместени во Хала 11.1.
Германија е еден од најголемите увозници на прехранбени производи во светот, и најголем увозник во ЕУ. Воедно, Германија е традиционално многу голеm увозник на преработки од ОиЗ од РСМ.
Вредноста на извозот на преработки од РСМ во Германија во 2024 изнесувал 5,9 милиони кг. односно 10,6 милиони евра.