Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски присуствуваше на манифестацијата „Ден на празот” во населеното место Градошорци, каде што се одаде признание на трудот и посветеноста на земјоделците.
Општина Василево е препознатлива по производството на овој земјоделски производ, кој е синоним на квалитетот традицијата на македонското земјоделство.
„Кампањата „Македонско најдобро”, која што ја започнавме има за цел да го зајакне домашното земјоделско производство и да ја подигне свеста за квалитетот на македонските производи. Кога избираме македонско, ги мотивираме земјоделците, ги зачувуваме работните места и ја поддржуваме домашната економија“, истакна министерот.
„Ги охрабрувам младите да се вклучат во земјоделскиот сектор, бидејќи храната е основна потреба, а светските трендови покажуваат дека производството на храна е сериозен предизвик“, посочи тој на настанот.