Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски учествуваше на Четвртиот Меѓуароден Самит за безбедност на храна „Храна од Украина“, кој се одржа во Киев.
Храната е едно од основните права на човекот, а земјоделството претставува темел на секое општество. На Самитот, се разменија искуства и идеи за обезбедување на храната и за важноста за зголемување на земјоделското производство и обезбедување на доволно количини на храна.
Во рамките на посетата министерот Трипуновски оствари средба со Министерот за економија, животна средина и земјоделство на Република Украина, господинот Олексии Соболев, на која се разменија искуства и се разгледаа можностите за продлабочување на соработката помеѓу земјите во областа на земјоделството.
Остануваме сплотени во целта за обезбедување на храна за сите.