Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Продолжуваат градежните активности за завршување на системот за наводнување Црвица – Колибар во Кичево

Продолжуваат градежните активности за завршување на системот за наводнување Црвица – Колибар во Кичево

Заменик-министерот Албрим Хоџа, заедно со директорот на Управата за водостопанство, Ромео Тренов, одговорниот инженер на проектот и претставници од изведувачката компанија, беа на терен во селата Црвица и Колибар – Кичево, со цел да се најде решение за пречките кои го забавија завршувањето на системот за наводнување во овој регион.

Проектот претставува еден од најзначајните за земјоделството во овој дел на државата, и има за цел да обезбеди квалитетно наводнување за стотици семејства што живеат од земјоделството во оваа рурална зона со голем потенцијал.

Досега се завршени околу 85% од работите, а по теренските разговори со локалните жители и претставници на месните заедници, беше постигната согласност за решавање на отворените прашања и продолжување на активностите до целосно завршување на проектот.

Министерството упатува посебна благодарност до месните заедници од двете села за соработката, разбирањето и нивната подготвеност да бидат дел од решението.

Проектот е дел од стратешките вложувања на Министерството во инфраструктурата за земјоделство и водостопанство, со цел директна поддршка на локалното производство и подобрување на условите за живот во руралните средини.

Мени за пристапност