Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Трипуновски: Министерството ќе продолжи да ги поддржува иновативните компании кои придонесуваат за развојот на нашиот аграрен сектор

Трипуновски: Министерството ќе продолжи да ги поддржува иновативните компании кои придонесуваат за развојот на нашиот аграрен сектор

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ја посети модерната свињарска фарма на компанијата АГРИА во село Чичево.

Има висок степен на биосигурност на фармата, висок стандард на производство и грижа за добросостојбата на животните.

АГРИА е докaз дека македонските компании можат да бидат лидери во областа на сточарството. Покрај производството на висококвалитетно свинско месо, компанијата се истакнува и со:

  • Сопствена фабрика за производство на добиточна храна во северниот дел на Македонија.
  • Фарма за производство на говедско месо.

„Оваа посета ми даде можност да се запознаам со предизвиците и потребите на модерното македонско земјоделство“, истакна министерот.

Министерот Трипуновски посочи дека Министерството ќе продолжи да ги поддржува вакви иновативни компании кои придонесуваат за развојот на нашиот аграрен сектор.

Мени за пристапност