Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик министерот Хоџа оствари средба со заменик министерот за земјоделство и рурален развој на Полска, Јацек Черњак

Заменик министерот Хоџа оствари средба со заменик министерот за земјоделство и рурален развој на Полска, Јацек Черњак

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, оствари средба со заменик министерот за земјоделство и рурален развој на Полска, г. Јацек Черњак, во присуство на амбасадорот на Република Полска,  г. Мариуш Бримора, и заменик шеф на мисијата, г-ѓа Ана Каспжак.

На средбата се дискутираше за продлабочување на соработката во агро-прехранбениот сектор, зголемување на трговската размена и можностите за реализација на заеднички проекти во областите на руралниот развој, земјоделската технологија и стандардите за безбедност на храна.

Двете страни се согласија да започнат активности за воспоставување нов институционален формат на соработка меѓу двете министерства, кој ќе ги поддржи врските меѓу производителите, потенцијалните инвестиции и размената на експертиза меѓу двете земји.

Мени за пристапност