Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик министерот Хоџа, присуствуваше на отворањето на конференцијата за промоција на полската прехранбена индустрија во Северна Македонија

Заменик министерот Хоџа, присуствуваше на отворањето на конференцијата за промоција на полската прехранбена индустрија во Северна Македонија

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, присуствуваше на отворањето на конференцијата за промоција на полската прехранбена индустрија во Северна Македонија.

Настанот, организиран од Амбасадата на Република Полска во Скопје, претстави нови можности за билатерална соработка во агро-прехранбениот сектор, како и иницијативи за проширување на трговската размена меѓу двете земји.

За време на конференцијата беше извршена и промоција на полските прехранбени производи, при што беше презентиран нивниот квалитет, стандардите и потенцијалот за влез на домашниот пазар, како и за воспоставување нови партнерства со домашните производители и компании.

Мени за пристапност