Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

80.440.060,00 денари се исплатени од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Се изврши исплата кон земјоделците во износ од 80.440.060,00 денари од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

 

Исплатени се 32.596.860,00 денари за растително производство за:

 

- подмерка 1.8 за овошни насади исплатени се 19.679.962,00 денари кон 1.198 корисници;

 

- подмерка 1.11 за лозови насади исплатени се 12.916.898,00 денари кон 181 корисник.

 

Исплатени се 47.843.200,00 денари за сточарско производство за:

 

- подмерка 2.1 за обележани женски грла говеда исплатени се 27.829.600,00 денари кон 406 корисници;

 

- подмерка 2.8 за обележани грла овци исплатени се 20.013.600,00 денари кон 173 корисници.

 

Вистинската грижа кон земјоделецот ја покажуваме на дело.

Мени за пристапност