Почитувани,
Денеска партијата СДСМ преку прес конференција се фали со енормен буџет во 2023 година, но за потсетување нивната Влада остави неисплатени субвенции кон огромен број на земјоделци.
Зошто молчат дека финансиската поддршка за земјоделците за 2024 година, проектирана од нивната страна донесена (24.01.2024) изнесуваше само 5,9 милијарди денари.
Во месец септември 2024 година со ребалансот на буџетот се обезбедија дополнителни 2 милијарди денари токму за исплаќање на заостанатите обврски за 2023/2022 година.
На крајот на 2024 година повторно се обезбедија дополнителни 1,4 милијарди денари со што финансиската поддршка за 2024 година изнесуваше околу 8,4 милијарди денари што е највисока во изминатите неколку години, благодарение на сегашната Влада.
Не е укинат лимитот за директни плаќања, ова е уште еден доказ дека СДСМ шпекулира со јавноста со неточни информации.
Средствата за земјоделците не се скратени, изминатиот период оваа Влада докажа дека се грижи за земјоделците. Досега се исплатени близу 10 милијарди денари за заостанати и тековни обврски кон земјоделците.
Преку соопштенија и прес конференции СДСМ пласира и невистини дека се намалуваат средствата за Програмата за рурален развој.
Со ребалансот на буџетот ќе се обезбедат 480 милиони денари за Програмата за рурален развој.
Разликата е евидентна, денес земјоделството се движи во вистинска насока.