Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Инфо средбите за објавениот Јавен повик за мерката 1 од ИПАРД Програмата се предвидени за цела недела

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството продолжуваат со кампањата и инфо средбите за објавениот Јавен повик за мерката 1 - Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства од ИПАРД Програмата 2021-2027 (ИПАРД 3).

На инфо средбите заинтересираните корисници (физички, правни лица, задруги итн.) ќе можат да се информираат за постапките и условите за аплицирање со цел користење на средства од оваа мерка од програма од тековниот објавен повик.

Се повикуваат сите заинтересирани корисници да присуствуваат на инфо средбите со цел полесно информирање и искористување на мерка 1, имајќи предвид дека крајниот рок за поднесување на барањата за мерка 1 од овој Јавен повик е 29 март 2025 година.

Во текот на оваа недела, планирани се следниве средби:

• 25ти февруари 2025 година (вторник), инфо средби ќе се одржат во Свети Николе, со почеток од 11:00 часот во општинската сала и во Велес со почеток од 14:00 часот во општинската сала,
• 26ти февруари 2025 година (среда), инфо средби ќе се одржат во Карбинци, со почеток од 11:00 часот во општинската сала и во Штип со почеток од 14:00 часот во општинската сала,
• 27ми февруари 2025 година (четврток), инфо средби ќе се одржат во Кавадарци, со почеток од 11:00 часот во општинската сала и во Тимјаник со почеток од 14:00 часот во основното училиште, и
• 28ми февруари 2025 година (петок), инфо средби ќе се одржат во Прилеп, со почеток од 11:00 часот во општинската сала и во Кривогаштани со почеток од 14:00 часот во општинската сала (противпожарен дом).

Информациите околу деталите, потребните документи и јавните повици, сите заинтересирани може да ги добијат и на следниве веб страници и телефонски броеви:

  • Тело за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство - https://ipard.gov.mk или 02/3134-477 локал 113, 114 и 115;
  • Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој http://www.ipardpa.gov.mk или на 02/3097-460 и 070/229-434 (сектор за одобрување на проекти), 070/229-328 (сектор за одобрување на исплати) и
  • Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството http://agencija.gov.mk/ или на 047/228-330 и 047/228-370.

Мени за пристапност