Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Исплатени се 40.514.921,00 денари зa мерки 1.15 и 1.19 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Извршени се директни плаќања во износ од  32.732.971,00 денари за производен и продаден домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација за житни, фуражни, индустриски, градинарски култури. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал кои имаат производен и продаден семенски материјал во 2023 година или користен за сопствени потреби согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија и имаат добиено сертификат за конечно сертифицирано семе.

 

Исплатени се 7.781.950,00 денари за производство на предосновен и основен семенски материјал за житни култури исто така се исплатени. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал кои имаат производен и продаден предосновен и основен семенски материјал за житни култури во 2023 година согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија.

         

Апликациите за субвенции се обработуваат со забрзана динамика се со цел земјоделците и сточарите да имаат доволно средства во ек на сезоната и пред почетокот на сеидбата.

 

Земјоделците се во сигурни раце.

Мени за пристапност