Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Известување за полагање на испит за дистрибутер и советник од областа на фитофармација на 08 февруари 2025 година

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Фитосанитарната управа при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сите кандидати кои имаат поднесено барање за полагање на испитот за дистрибутер и советник од областа на фитофармација и кои имаат посетувано обука или имаат диплома за насока Заштита на растенија-фитомедицина, дека вториот термин за полагање на испитот за дистрибутер и советник од областа на фитофармација ќе се одржи на ден 08.02.2025 година (сабота) со почеток во 10.00 часот во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна - .

Сите кандидати задолжително да поседуваат документ за лична идентификација.

 

 

Со почит,

Фитосанитарна  управа

Мени за пристапност