Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Објавени 5 Јавни повици за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави 5 Јавни повици за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.

 

Првиот Јавен повик се однесува за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари.

 

Додека пак другите четири Јавни повици се однесуваат за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари за различни региони и катастарски општини.

 

Понудите се поднесуваат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Јавниот повик во дневните весници кои се издаваат во Република Северна Македонија, до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

Јавните повици се објавени и на веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Мени за пристапност