Фитосанитарна управа при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сите кандидати кои имаат поднесено барање за полагање на испитот за дистрибутер и советник од областа на фитофармација и кои имаат посетувано обука или имаат завршено на насоката заштита на растенија, полагањето ќе се одржи на ден 29.09.2025 година (понеделник) со почеток во 09:00 часот во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје.
Сите кандидати задолжително да поседуваат документ за лична идентификација.
Со почит,
Фитосанитарна управа