Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Трипуновски: Брисел ја поздрави одлуката на Владата за расчистување на случајот со Платежната агенција

 Трипуновски: Брисел ја поздрави одлуката на Владата за расчистување на случајот со Платежната агенција

Опозицијата да не шпекулира, само 50-тина договори кои што се во фаза на реализација, се стопирани

 

„Стопирањето на процедурите е од наша страна, по проверката на целиот процес во Агенцијата со ИПАРД средствата ќе продолжи да се реализира“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во „Тема на денот“ на Сител телевизија.

 

Трипуновски ги отфрли обвинувањата од страна на опозициската СДСМ дека ЕУ ги суспендирала средствата за ИПАРД.

 

„Она што го шири опозицијата дека ИПАРД средствата ќе се стопираат, ќе се изгубат средствата, итн., тоа не е точно“, нагласи министерот.

 

Министерот Трипуновски посочи дека само македонските институции проверуваат што се случувало во Платежната агенција.

 

„Инаку за информација на гледачите, ИПАРД 3 програмата е за периодот од 2021 -2027 година, на располагање ни се ставени 128 милиони евра кои што се поделени тековно по секоја година за реализација. Она што од ИПАРД 3 програмата е изреализирано, се склучени 453 договори кои што веќе се во некоја завршна фаза, само 50-тина договори се во фаза на реализација и само тие договори во моментов се на проверката стопирани“, појасни тој.

 

„По проверката ќе го известиме Брисел и Агенцијата ќе продолжи со тековни активности, деновиве ќе назначиме и нов директор на Агенцијата“, најави министерот.

 

Министерот Трипуновски при своеото гостување додаде – „Јас како министер во моментов единствен приоритет ми е работата согласно закон, решавање на проблемите кои што ги наследивме од претходната власт, да го подобриме аграрниот сектор како еден од столбовите во нашата економија и секоја една комуникација со било кој еден директор кој што бил од областа на земјоделството е во таа насока. Но, секој кој што ќе се огреши пред законот, треба да одговара“.

Мени за пристапност