Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Трипуновски: Ги потпишав сите заостанати договори и документи во Министерството

Трипуновски: Ги потпишав сите заостанати договори и документи во Министерството

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска ги потпиша сите заостанати договори и документи кои предолго чекаа за потпис.

Ги потпишав сите оние договори и документи кои долго стоеле по фиоките во кабинетите на Министерството за кои претходната гарнитура не нашла време или пак не сакала да ги потпише од причини само за нив јасни. - изјави Трипуновски.

Ова е само најава на тоа што следува и во која насока ќе се движи Министерството во иднина, со зголемен ангажман, побрза реакција и поголема грижа за македонските земјоделци.

Ја намалуваме бирократијата и ги забрзуваме процесите и постапките бидејќи македонските земјоделци треба да се посветат само на производството. - заврши Трипуновски. 

Мени за пристапност