Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Трипуновски: Наредната недела ќе бидат објавени 5 Јавни повици за распределба на земјоделско земјиште

Трипуновски: Наредната недела ќе бидат објавени 5 Јавни повици за распределба на земјоделско земјиште

„Јас во изминатиот период најавував дека ќе има распределба на земјоделско земјиште и веќе се завршени сите официјални процедури. Наредниот период односно идната недела ќе бидат објавени вкупно 5 Јавни повици за распределба на слободно земјоделско земјиште“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Прилеп, одговарајќи на новинарско прашање.

 

 

Тој додаде дека целта со распределба на земјиштето е да се зголеми продуктивноста и да се зголеми производството во државата.

 

 

„Од тие 5 Јавни повици, еден ќе биде за легализација на подигнати долгогодишни насади. Со оваа активност сакаме да го ставиме сето земјоделско земјиште во рацете на вистинските земјоделци“, заклучи министерот.

Мени за пристапност