Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Трипуновски од Босилово: Со откупувачите на младиот компир се постигна договор во корист на земјоделците

Трипуновски од Босилово: Со откупувачите на младиот компир се постигна договор во корист на земјоделците

„Денеска сум во општина Босилово, каде што имаше тематски состанок, разговаравме за откупот на земјоделски производи, младиот компир од реколта 2025 година“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

 

„На состанокот заедно со откупувачите на оваа култура, како Министерство, како вистински медијатор седнавме и разговаравме за продолжување на откупот на компирот од оваа реколта“, појасни министерот.

 

Трипуновски додаде дека резултатот кој што денеска е постигнат е на задоволство на земјоделците.

 

„Она што сакам да го потенцирам е дека продолжуваме да се грижиме и да го цениме трудот на македонскиот земјоделец, за да работи со профит, со рентабилност. Затоа што може само така да ја вратиме довербата према институциите и да го зголемуваме земјоделското производство“, истакна министерот.

 

„Веќе е прикачен и Законот за земјоделство и рурален развој на ЕНЕР системот, каде што наредниве 30-тина дена ќе можат да се даваат коментари по истиот Закон“, појасни министерот.

 

Министерот посочи министерството и Владата посветено се грижат за земјоделците и работат во нивна корист се со цел да се зголеми земјоделското производство во Македонија.

Мени за пристапност