Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Трипуновски од терен: Тутунскиот комбинат Прилеп од утре започнува со откуп на тутун, реколта 2025

Трипуновски од терен: Тутунскиот комбинат Прилеп од утре започнува со откуп на тутун, реколта 2025

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со директорот на Тутунскиот комбинат Прилеп, Александар Алексовски, на која се разговараше за почетокот на откупот на тутун од реколта 2025 година.

 

„Знаете се наоѓаме на почетокот на откупната сезона на тутун од реколта 2025 година, согласно процедурите, мострите во текот на денешниот ден ќе бидат подигнати, што значи дека од утре ќе може да се почне со откуп на тутун”, истакна министерот Трипуновски од Прилеп.

 

Според информациите добиени од директорот на Тутунскиот комбинат, на сите пунктови кои се веќе пријавени, во текот на утрешниот ден ќе започне откупот на тутун и ќе трае согласно законските рокови.

 

Министерот Трипуновски посочи дека оваа година имаме тутун со одличен квалитет, со што се продолжува традицијата на квалитетно производство.

 

„Минатата година знаете дека постигнавме сериозен успех, имаме околу 11% зголемени површини од пријавени земјоделски стопанства во делот на одгледувачи на тутун. Тоа значи дека веќе го враќаме овој стратешки производ на пиедесталот”, појасни министерот.

 

Министерот посочи дека Министерството останува посветено и ќе го следи целиот процес на откупување на тутунот преку Државниот инспекторат за земјоделство, кој е надлежен за откуп на земјоделските производи.

 

Министерот Трипуновски истакна дека се надева дека оваа година ќе имаме поуспешна откупна сезона на тутун.

 

Мени за пристапност