Македонија оствари значителен напредок во развојот на „Нацрт - Национална стратегија за адаптивно управување со предели и управување со пожари на ниво на предел”. Деветтиот состанок на Националната мрежа за управување со пожари на ниво на предел обедини повеќе од 35 експерти од повеќе од 25 владини институции, истражувачки организации, граѓанско општество, научно образовни институции, агенции и други.
Настанот беше организиран од страна на Министерството за земјоделство, шумарство, и водостопанство како главен носител на процесот на изготвување на Стратегијата, а како дел од активностите на Програмата за управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, која активно работи во последните три години.
На самиот почеток, раководителот на секторот за шумарство и ловство г-дин Јордан Здравковски со воведно обраќање ги поздрави учесниците и ја нагласи важноста на активното работење на Националната мрежа за управување со пожари во Македонија, важноста на овој Стратешки документ, соработката и заедничките координативни напори во управувањето со пожарите.
Воведно обраќање имаше и тим лидер на Програмата за управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан, г-дин Цветан Николовски со осврт на досегашните постигнувања и резултати добиени, како и активности кои се во моментот и кои следат ги поздрави учесниците и искрени желби и успешен состанок на Националната мрежа за управување со пожари во државата.
Национален соработник на Програмата за државата, г-дин Бојан Михајловски, ја презентираше „Нацрт Националната стратегија за адаптивно управување со предели и управување со пожари на ниво на предел”, поставувајќи основа за продуктивни дискусии на заинтересираните страни. Учесниците придонесоа вредни согледувања базирани на нивната институционална експертиза и оперативно искуство.
Сите учесници, заинтересирани страни и чинители на Националната мрежа за управување со пожари на ниво на предел во Македонија, изразија подготвеност за создавање на единствен пристап базиран на научни докази, практична примена и политичка желба за единствен интегриран пристап во управувањето со пожарите на ниво на предел во Македонија