Денеска во Скопје се одржа 21-виот состанок на Поткомитетот за земјоделство и рибарство.
На редовните состаноци на Поткомитетот, се воспоставува и одржува економскиот дијалог во областите на земјоделство и руралниот развој, безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика и рибарство помеѓу Македонија и Европската Комисија.
Преку механизмите утврдени со Процесот на стабилизација и асоцијација, посебно преку годишните извештаи на Комисијата, се следи напредокот во исполнувањето на обврските од Спогодбата за стабилизација и асоцијација и обврските кои произлегуваат од процесот на пристапување во Европската Унија.
Остануваме посветени на патот кон членството во Европската Унија.