Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска ја посети фабриката GreenDeli во Гостивар.
Фабриката врши преработка на зеленчук и овошје.
GreenDeli се приклучи кон нашата кампања „Македонско најдобро: Наша традиција, наша гордост”.
Преку кампањата „Македонско најдобро” се работи на:
• зголемување на домашното земјоделско производство;
• подигање на свеста за квалитетот на македонските земјоделски производи;
• полесен пристап на граѓаните до домашни земјоделски производи.
Со купување на домашни земјоделски производи се инвестира во македонското земјоделство.