Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, денес ја посети фармата на еден млад земјоделец од селото Горнo Татеши, Струга, кој претставува пример за посветеност и визија во развојот на земјоделството.
Фисник, моментално обработува над 30 хектари земјоделско земјиште, каде што покрај различни култури, има подигнато и насад со ореви.
Преку Министерството за земјоделство, тој доби на користење 3 хектари земјоделско земјиште, а годинава преку програмите ИПАРД искористи современа механизација во вредност од над 1,8 милиони денари.
„Овој земјоделец докажува дека земјоделството не е само традиција, туку и реална можност за развој и самовработување на младите кои одлучуваат да инвестираат во својата земја“, истакна заменик министерот Хоџа.