Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ја посети разделната станица Виларов во рамките на хидросистемот Тиквеш, една од најважните хидротехнички инфраструктури во Македонија.
Хидросистемот Тиквеш се простира низ општините Кавадарци, Неготино, Росоман, Демир Капија и Градско, претставувајќи клучна инфраструктура за развојот на земјоделството во овој регион.
На разделната станица Виларов се врши поделбата на водата во лев и десен магистрален канал со капацитет од 3м³/сек, која ги опслужува општините Неготино и Демир Капија, покривајќи површина од 3.000 хектари.
Активно се наводнуваат околу 500 хектари, се опслужуваат повеќегодишни лозови насади и едногодишни култури и обезбедена е технолошка вода за општина Неготино.
Ваквите системи се темел за стабилно и одржливо земјоделство, истакна министерот при посетата.