Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во Кавадарци присуствуваше на настан каде што се прославуваа 30 години соработка со УНДП.
„Соработката помеѓу УНДП и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не е само формалност, туку вистинска можност за трансформација на нашиот земјоделски сектор“, истакна министерот при своето обраќање.
Министерот Трипуновски додаде дека преку заедничките проекти со УНДП, се работи на модернизација на македонското земјоделство и неговото приспособување кон европските стандарди.
Министерот потсети дека министерството ги поддржува малите винарии преку:
- Распишан јавен повик за инвестиции во опрема за производство на вино и алкохолни пијалоци - до 600.000 денари по корисник;
- Парични награди до 300.000 денари за винарии кои освојуваат места на престижни меѓународни натпревари;
- Активна промоција на македонските вина на меѓународни саеми.
„Македонија има се што треба за производство на вина од светска класа - одлични климатски услови, богата почва и вековна традиција. Со вистинска поддршка, нашите винарии ќе го освојат светскиот пазар“, истакна министерот Трипуновски.