Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Трипуновски посети фармер кој што е корисник на ИПАРД средства

Министерот Трипуновски посети фармер кој што е корисник на ИПАРД средства

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски посети фармер во село Сопотница.

 

„Сакав лично да се уверам како напредува неговата работа и како се реализираат поддршките што ги добива. Тој е корисник на ИПАРД средства и ми потврди дека субвенциите пристигнуваат навреме, што му овозможува да вложува во реконструкција и инвестиции на фармата“, истакна министерот.

 

На фармата моментално има 230 молзни крави, со просечна лактација од 6 до 7 илјади литри млеко годишно по крава. Фармерот има посеано 200 хектари пченка и постојано работи на унапредување на производството.

 

„Овој фармер е еден од многуте примери за тоа како нашата посветеност и континуирана поддршка и на фармерите носат резултати во македонското земјоделство“, посочи министерот Трипуновски.

Мени за пристапност