Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Трипуновски присуствуваше на првиот академски час на Факултетот за земјоделски науки и храна

Министерот Трипуновски присуствуваше на првиот академски час на Факултетот за земјоделски науки и храна

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски присуствуваше на првиот академски час на Факултетот за земјоделски науки и храна.

Министерството обезбеди финансиска поддршка на Факултетот за земјоделски науки и храна за набавка на опрема за лабораториски анализи за квалитет и безбедност на храна во износ од 12.000.000 денари.

„Студентите сега имаат пристап до современа лабораториска опрема која ќе им овозможи да ги совладаат најновите методи во агрономијата. Ова не е само инвестиција во опрема, ова е инвестиција во вас, идните агрономи. Во време на климатски промени и глобални предизвици, вашата улога е поважна од кога било“, истакна министерот.

Министерот на студентите им посака среќен почеток и успешни студии!

Мени за пристапност