Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Трипуновски: Ајварот е совршен пример за она што го претставува „Македонско најдобро” - традиција, квалитет и автентичност

Трипуновски: Ајварот е совршен пример за она што го претставува „Македонско најдобро” - традиција, квалитет и автентичност

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски присуствуваше на манифестацијата „Ајверијада” во општина Босилово.

„Ајварот е совршен пример за она што претставува „Македонско најдобро” - традиција, квалитет и автентичност што се пренесува од генерација на генерација“, истакна министерот.

Министерот Трипуновски посочи дека целта на „Македонско најдобро“ е подигање на националната свест за квалитетот на македонските земјоделски производи и обезбедување на полесен пристап на граѓаните до домашните земјоделски производи и преработки.

„Поддршката за земјоделците продолжува - заедно градиме силно земјоделство кое напредува и се развива. Да купуваме македонско најдобро“, порача министерот.

Мени за пристапност