Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Трипуновски присуствуваше на манифестацијата „Преспански јаболкобер”

Министерот Трипуновски присуствуваше на манифестацијата „Преспански јаболкобер”

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски присуствуваше на манифестацијата „Преспански јаболкобер”, која го одбележува почетокот на бербата на јаболка.

„Резултатите од нашата посветеност кон земјоделството се препознатливи, имено околу 13.000 тони на јаболка се извезени во првите два месеца, вредноста на извозот е зголемена од 2 на 5 милиони евра. Во првиот квартал од 2025 година, во овоштарството и лозарството бележиме раст од 12%“, истакна министерот.

Министерот Трипуновски при своеото обраќање посочи дека поддршката за земјоделците продолжува, околу 46.000 земјоделци ќе добијат картички за зелена нафта.

„Изминативе месеци започнавме кампања „Македонско најдобро: Наша традиција, наша гордост”, преку која работиме на промоција на домашните земјоделски производи, меѓу кои е опфатено и преспанското јаболко“, додаде министерот.

Мени за пристапност